БОЛНИЧКИ КАНАЛ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:51:"Груевскигоболиштотеболи

    1 Го фатија Џејми Шеј. И тоа баш истата ноќ кога загинаа две деца во пожар во државен дом за инвалиди.
    Фаќањето на Џејми Шеј беше прва вест. Затоа што било успех да се фати некојси самонаречен командант кој пред тоа го пуштија од затвор за да избега. А децата што загинаа влегоа во билтенот на црната хроника.
    Во секоја нормална држава кога ќе загинат две деца, плус инвалиди, плус во државна институција која треба да се грижи за нив, тоа би било трагедија и секако би било прва и главна вест.
    Ама ние толку сме извртени во главите и толку ни е изместена реалноста што некој фиктивен командант нѐ засега повеќе од животот на нашите деца.
    Уште вечерта министерот за труд и социјала Љупчо Мешков го посети пеплосаниот дом. Другиот ден таму се сликаше и премиерот. А и Џејми Шеј го вратија в затвор.
    Значи државата функционира.

    2 Во иднина, ако не сакаш Владата да знае дека си бил на лекар, ќе си купиш маска. За да си ја заштитиш приватноста од камерите што ќе нѐ снимаат по болниците за да нѐ заштитат од корупција, гледај да си го скриеш лицето. Или барем стави си капа и очила.
    Владиниот портпарол Ивица Боцевски објасни дека ваквата одлука Владата ја донела поради секојдневните поплаки на пациентите дека предолго чекаат пред ординациите и не добиваат соодветни здравствена услуга. Со поставување на камерите Клиниките ќе бидат под 24часовен надзор. За да ги натера лекарите посовесно да си ја вршат работата, Владата камерите ќе ги постават на главните влезови, на шалтерите, во чекалниците, ходниците и во аптеките.
    Не можеш ни на лекар да отидеш без контрола на власта. Нема да чуди наскоро да нѐ натераат и матичните броеви да си ги пишуваме на челото. За да не губат време да откриваат кој пациент кај кој лекар влегол. Затоа што премиерот го боли што не боли.
    Луѓето си купуваат сѐ што им треба за операција, до “аналгин” и памукче за пребришување со алкохол пред да ти стават инјекција, ама затоа ќе нѐ снимаат додека умираме по ходниците.
    Кој ќе ги прегледува снимките? Ќе вработат пазач? Или министерот ќе формира служба за анализа? Оти отсега односот пациент лекар што секаде е заштитен со максимална дискреција, во Македонија ќе биде со набљудувач. И транспарентен.
    Народниот правобранител вели дека човековите права не се повредени. Сѐ додека не се видиме на некој клип на Интернет или на мобилен телефон. Или ако Владата не реши да прави некоја нова кампања со ТВ спотови од здравството.
    Ако овие снимки излезат надвор, тоа може да биде сериозна конкуренција на Собранискиот канал. Не знаеш што е поперверзно. Дали пренос од собраниска седница или пренос од болнички ходник?
    Внимание: Ако досега сте давале мито на шалтер или по ходници, веднаш прекинете со таа пракса. Давајте мито во ординација или во операциона сала. Таму нема да се снима. До нова одлука на Владата.

    3 Новиот британски амбасадор Андру Ки се појави на телевизија и зборуваше на македонски.
    Големо чудо. Дошол од Лондон и знаел македонски. Сите наши дипломати во странство знаат македонски. Па никој не се чуди.

    4 Шефот на босанската дипломатија Свен Алкалај изјави дека неговата земја ќе учи од искуствата на Македонија за интеграција во ЕУ.
    Ако учат од повторувачи, на добар пат се. Ама сигурно не за ЕУ.

    5 Со новиот воз Еуростар, релацијата од Париз до Лондон ќе се минува за за 2 часа и три минути.
    Нам толку ни треба за да излеземе од државата на граничниот премин Табановце. А кога ќе заврне дожд, два саата ти се малку и од Скопје да излезеш.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира