СУЛИ АН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:119:"СодијазепамзапозитивнодоживувањенанегативенизвештајодЕУ

    1 “Службен весник” одбива да објави одлука на Уставен суд. Во која држава го има тоа? Во Македонија. Државата во која во ек се реформи на судството. И тие реформи се клучни за евроинтеграциите.
    Уставниот суд донесе некаква одлука за употребата на знамињата. Иако одлуките на Уставниот суд не се коментираат туку се спроведуваат, кај нас ги коментираше кој како стигне и отворено одбија да ги спроведуваат. Да не биде покус, и Уставниот суд почна да си ја коментира својата одлука. После претседателот и еден уставен судија дадоа оставка. За да биде работата ептен успешна македонска приказна, двајцата се Албанци.
    И така, како во македонските тажни приказни, на Македонија не ѝ било судено да пркне.

    2 Поранешниот министер за правда Ѓорѓи Наумов од ВМРО-ДПМНЕ самиот се пофали дека е еден од иницијаторите на претставката пред Уставниот суд да се испита Законот за знамињата.
    Што мислеле тие од ВМРО-ДПМНЕ? Дека никогаш нема да дојдат на власт и како опозиција постојано ќе обвинуваат за неефикасност на судството?
    Сега, кога се на власт, не им се погоди терминот на одлуката на Судот. Па затоа ни го откриваат тајниот заговор на претседателот Бранко Црвенковски со уставниот судија Бранко Ивановски. На итна и вонредна пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ на “Сител”, Бичиклиски ни соопшти дека Бранко и Бранко го смислиле мрачното сценарио за дестабилизација на државата во скопскиот ресторан “Меана Б”.
    Штом станува збор за ВМРО, мора да има нешто револуционерно. Затоа и заговорот се прави во меана. Да се вратеа уште малку поназад, заговорот ќе беше направен во Сули ан.

    3 Што ќе се случи ако Кубанците на Флорида или Мексиканците во Калифорнија јавно изјават дека нема да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд? Како ќе реагираат американските власти?
    Ако лидерите на ДУИ и на ДПА не знаат одговор на прашањето, нека се обратат кај амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ.

    4 Минатата сабота, кога конечно и Владата сфати дека победникот на тендерот за ТЕЦ “Неготино” конзорциумот”Хач” ги нема потребните документи, прашав дали се глупави, наивни или корумпирани.
    Откако Владата донесе одлука да не му ја продава термоцентралата на “Хач”, затоа што не доставил потребни документи, следеше нова одлука. Термоцентралата нема да се продава никому, оти ѝ е потребна на државата.
    Обично премиерот кога објавува важни одлуки излегува и се слика со сите министри. Овој пат го пуштија само портпаролот Боцевски. Тоа не е фер. Зар не е остварување да задржиш толку важен објект за доброто на државата во државна сопственост, наместо да ти го земат за 60 милиони евра.
    Дали ако од “Хач” ги донесеа потребните документи, Владата ќе ја дадеше термоцентрала што толку многу ѝ требала на државата?
    Минатонеделното прашање дали биле глупави, наивни или корумпирани не држи. Не биле ни глупави ни наивни.

    5 Полицијата гони криминални групи во Тетовско и во Кумановско. Како во 2001 година.
    Како граѓанин, воопшто не ме интересира кои се и што се тие криминалци. Ме интересира дали полицијата ги има под контрола и дали може да ги столчи.
    Да не излезе после неколку месеци дека поради криминалците пак ќе мора да менуваме Устав.

    6 КФОР повторно беше фатен дека шверцувал косовски граѓани преку Македонија. Не им удриле печат на влез преку Блаце, па ги откриле на излез на аеродромот “Александар Велики”. Првиот пат беа шведски дипломати, сега биле француски.
    Службеник на француската амбасада се правдаше дека тоа не било шверцување луѓе туку тие не ја знаеле процедурата.
    Е зошто бе мене еднаш не ми дозволат да ја згрешам процедурата. Ни портата од амбасадата кога вадиш шенген виза не можеш да ја поминеш, а не пак да се прошверцуваш на граница.
    Плус, зошто ги носат косовските граѓани преку Скопскиот аеродром. Од Приштина има повеќе летови. Нека ги качат од таму во авион за Виена или за Љубљана. Нека пробаат таму да ја згрешат процедурата. Така ќе ги однесат директно во ЕУ.

    7 Вицепремиерката Габриела Коневска Трајковска изјави дека “Владата на Република Македонија во ниту еден момент со ниедна од позициите кои ќе бидат изнесени нема да го доживее како негативен извештајот на Европската комисија”.
    Можат тие да се накркаат “дијазепами” на 6 ноември и сѐ да доживуваат позитивно. Божем нивното доживување ќе го смени негативниот извештај.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира