ДОБАР УЧЕНИК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:133:"АконевлеземевоНАТО,виновниќебидатГрција,инкасантитеичистачките

    1 Премиерот Груевски рече дека Македонија ќе ги заврши реформите за неколку месеци, ама ако не влеземе во НАТО, тоа нема да биде поради нас туку поради Грција. За волја на вистината, Груевски не верува дека Грција ќе стави вето, туку ќе ни речат нема во НАТО поради некои незавршени реформи.
    Супер. Сега кога си најде оправдување не мора ни да ги заврши реформите. Да им ја олесниме работата на Грците. Оти, ние реформите не ги правиме заради нас. Ние се мачиме заради Грците, а богами и заради строгата Европска унија и НАТО.
    Тоа е класичен синдром на лош ученик. Зошто да пишувам домашно, кога учителката ме мрзи. Ионака ќе ми стави кец.
    Сега Владата повеќе енергија ќе потроши да го оправда евентуалниот неуспех, отколку да работи за сигурен успех.

    2 Џабе американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ секој ден зборува дека не треба да се размислува за неуепех, туку треба да се напише домашното. Колку време е во Македонија, а уште не ја сфатила македонската логика. Ние работиме за инает.
    Следниот пат амбасадорката Миловановиќ нека даде ваква строга изјава: Строго е забрането да се комплетира судскиот совет. Строго се забранува претседателот и премиерот да одржуваат врски и заедно да работат за доброто на државата. Строго е забрането Владата да разговара со опозицијата. Строго и се забранува на опозицијата да биде конструктивна и мора секогаш да наоѓа само маани. Строго е забрането почитување на договореното и со ДУИ и со било кој партнер.
    Е тогаш нека види госпоѓата Миловановиќ дали нема да тргне работата. Од инает, нашите политичари ќе прават се спротивно на забраните.

    3 Владата и претседателот уште еднаш се договориле за дипломатска офанзива. Само кријат кога ќе ја лансираат и кого ќе нападнат. За да не се сетат Грците. Ништо чудно криејќи се меѓу себе и да се најдат на исто место да ги бранат интересите на државата.
    Настрана од Владата продоложува офанзивата за одбрана на името и за НАТО на претседателот Црвенковски. Минатата недела беше во Србија. А идната ќе оди во Кина.
    И со двете земји немаат проблем со името. А и со НАТО искуствата им се слични. Во 1999 година ја бомбардираа кинеската амбасада во Белград.
    Од овие патувања Бранко се враќа со оптимизам. Ние можеби сме на второ или трето место во Јадранска група. Ама за влез во НАТО сме многу понапред од Кина.

    4 Достигнат е врвот на реформите во здравството. Во Клиниките се е одлично. Само уште да се исчисти. Седум операциони сали се затворени поради нехигиена.
    Министерот за здравств Имер Селмани за да ни докаже дека кинеските вакцини се добри, прв се вакцинираше против грип. Ај сега нека оди на операција во некоја од скопските клиники.
    За украдени 5 милиони евра за само четири месеци на патарините настрадаа инкасантите. За опасните бактерии на клиниките виновни ќе бидат чистачките. Не дај боже на одговорност да биде повикан, или сменет некој директор. Затоа што тие се партиски директори. Важно си ги поделија местата кога дојдоа на власт, а за хигиената баш им е гајле.
    Ако се смени партиски директор тоа ќе биде голем потрес во владината коалиција. Многу поголем од петте милиони евра и од затворените операциони сали.
    Ете уште едно алиби за Груевски. Ако не влеземе во НАТО и ако не добиеме датум за преговори со ЕУ, виновни ќе бидат инкасантите што никој не ги контролирал и чистачките кои само со вода ги чистеле и ходниците и салите.
    Директорите одеа на некакви курсеви за менаџмент. Доаѓаа од Запад, ги учеа, полагаа испити, им даваа дипломи. Изгледа тие курсеви биле многу напредни. Учителката не им гледала дали имаат црно под ноктите. Оти веројатно мислеле дека тоа го научиле уште пред да тргнат на школо. И дека во болница се подразбира дека мора да биде чисто.

    5 Пратениците во таму некоја собраниска комисија пет часа расправале зошто мора да се донесе патен налог и фискални сметки од патарина за да се надоместат патните трошоци.
    Расправале за нешто што е јасно како бел ден. Нема сметка – нема пари.
    Да се најде сега некој независен обвинител веднаш може да им поднесе кривични пријави по две основи: злоупотреба на службена положба и овластувања и крадење.
    Обвинувањето е дека доаѓале по тројца – четворица со една кола, а сите си наплаќале трошоци. Или, си спиеле во Скопје, а наплаќале како да доаѓаат и си заминуваат секој ден.
    Како ќе докажат дека биле на пат?

    6 Владата откако се скара со ЕВН реши да го објави договорот за продажба на ЕСМ.
    Треба ли да чекаме да се скара со сите странски купувачи за да ги открие сите договори што се транспарентни и без корупциска заднина.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира