ПУЕБЛО ЕСПАЊОЛ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:151:"ШтомиДПАстанааконструктивни,којзнаеуштештоќепобараатштоДУИвеќенедобил

    1 Гадафи го покани Бучко во Триполи. Бучко отиде, ама Гадафи не беше дома. Потоа заменикот портпарол на Владата Агим Јонуз стручно ни објасни дека сите покани од Либиска Џамахитрија ги испраќа Гадафи, ама тоа не значи дека сите се сретнуваат со него. Ги искара медиумите дека ја минимизирале посетата на премиерот и дека тоа “треба да им служи на чест”.
    Туф, туф, како баба ми да ја слушам. Да ми служи на чест затоа што прашувам како премиерот ги троши моите пари. А на премиерот не треба да му служи на чест што џабе ги потрошил.
    Агим Јонуз може да не кара колку што сака. Ама од тоа што не кара нема фајде. Бучко Гадафи не го виде. Кога ќе го види, нека се слика.

    2 Бучко со себе си го носеше и министерот за здравство Владо Димов. Таму договорија дека ќе им испраќаме македонски сестри. Сега е прашање кому требаат уште сестри за да се организира уште некоја екскурзија. Следната етапа во освојувањето на Африка ќе бидат Чад и Мавританија. И нив им требаат сестри. Но, што е уште поважно Бучко уште таму не бил.

    3 Илинка Митрева го пречека шпанскиот министер за надворешни работи. Рече дека Шпанија ќе ни испрати експерти за дизајнирање на македонската туристичка понуда.
    Шпанско село веќе имаме. Уште експерти ни фалат. Кога градоначалникот на Скопје Трифун Костовски ќе го легализира Шпанското село на Водно, ќе се појават дизајнирани плакати: Карамба! Пуебло Еспањол! Јуриш на Водно и останатите планини.

    4 Вчерашните протести на исламистите во Скопје се обидоа да ги смират Агим Красниќи од Кондово, Командант Лека од Тетово и Мендух Тачи од ДПА.
    Една недела пред тоа ДПА реши да се врати во Парламентот.
    Штом ДПА одеднаш станаа конструктивни, лошо ни се пишува. Којзнае уште што ќе им текне да бараат, а ДУИ уште не добил. По изборите, кој и да победи, Агим Красниќи ќе стане премиер, а командант Лека министер за правда. Мора. За мир во земјата.

    5 ДУИ ја уценува владината коалиција со пензии за паднатите борци на ОНА.
    Ахмети не треба да ги бара парите за пензиите тука. Оти пензиите веќе се платени. Парите ги има. Ако не знаат каде се нека го види списокот на блокирани сметки во САД и црниот список на личности од Македонија и Косово.

    6 Бучковски прво рече дека за враќање на Хашките случаи во кои треба да се гонат Албанци ќе испрати писмо од Владата. Потоа се виде со Али Ахмети и се предомисли. Наместо да испраќа писмо, ќе испрати луѓе во Хаг.
    Тоа е правилен потег. Плус ќе има поголем ефект. Предметите не мора да се вратат. Ама дневници ќе се земат.

    7 Портпаролката на здружението против продажба на ЕСМ “Светлина” на прашањето дали се вознемируваат од револтираноста на блокираните граѓани изјави: “Подобро да се револтираат сега, оти овој револт не е ништо во споредба со револтот кога ќа плаќаат поскапа струја”.
    Што мислат тие? Дека револтот ќе се издува сега за време на СДСМ, па кога ќе му дојде време на ВМРО-ДПМНЕ да го продава ЕСМ тоа ќе помине без блокади.
    Како и да е, ние ќе бидеме револтирани. Не плаќаме за струја. Ама плаќаме за бензин.
    Како припадник на мнозинскиот народ јас и со овие блокади се чувствувам дискриминиран во однос на малцинскиот. Зошто и за протестите на “Светлина” не се применува рамковниот договор? По принципот на 25 проценти три дена ќе го блокираат центарот на Скопје, а еден ден ќе одат на Џон Кенеди во Чаир. Или, на Дижонска. Малку блокада во Прилеп, малку во Битола, ама малку и во Тетово, Гостивар, Дебар… Да видат и тие луѓе таму што е светлина.
    Или тие не се засегнати од продажбата на ЕСМ. Затоа што ионака не плаќаат струја.

    8 Два авиона не слетале на скопскиот аеродром оти по пистата шетале кучиња. Директорот на аеродромот вели дека кучињата се протнале оти најверојатно имало дупки во заштитната ограда. Кучињата не ги тепале оти ќе се побунеле друштвата за заштита на животни. Има во оваа држава некое друштво за заштита на луѓе?
    Ако низ тие дупки можеле да им влезат кучиња, тогаш значи дека на аеродромот можат да им се појават и терористи. На патниците што биле во авионите им кажале дека има пречки на пистата. Кога слетале виделе дека пречките биле кучиња.
    А тие мислеле дека доаѓаат во некоја држава.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира