ЖИВОТИНСКА ФАРМА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:68:"МериМладеновскасведокнаодбраната

    1 Пред две недели министерката за правда Мери Младеновска изненадена и навредена изјавуваше дека “македонското судство е подготвено за враќање на четирите предмети од Хаг”.
    Пред два дена Мери Младеновска беше во Хаг и сфати дека македонското судство не е подготвено за враќање на четирите случаи. Предметите ќе се враќаат после изборите. Како што јави портпаролката на Карла дел Понте, Младеновска таму информирала дека во македонското судство сега се одвиваат реформи.
    Што значи тоа? Дека судството ќе се реформира до изборите? Или, судството ќе се смета за реформирано кога ќе се замине Мери?
    Ако е така, тогаш и јас одбивам да бидам суден во нереформирано судство. Во моментов против мене се водат три-четири процеси за некакви клевети. Барам од судиите да ги одложат сите предмети. Нека ми судат во истиот ден кога ќе почне судењето на хашките случаи во Македонија. До избори ич нека не ме вознемируваат со покани. Ако им се појавам во судница ќе ја барам за сведок на одбраната министерката Младеновска. Таа се договорила со Карла дека ниту судиите, ниту законите не ни чинат. Кога ќе чинат, тогаш и мене нека ме судат.
    И по кој закон мене ме обвинуваат за клевети? По кривичен закон на Република Македонија? Не бе, и јас сакам да бидам суден по законот на Питер Фејт.
    На тие што треба да ги вратат од Хаг не им чинеле судовите и законите. Нивниот кабает е според НАТО и ЕУ стандарди. Ние тука, домашните со помал кабает, не сме по НАТО и ЕУ стандарди. Ние сме за судење во нереформирано судство.

    2 И Али Ахмети вели дека тие случаи не треба да се враќаат во Македонија. И тој мисли дека ова судство не му е дораснато. Чудно, оти имаше поставено свои министри за правда. Исмаил Дарлишта и Иџет Мемети не успеаја да го реформираат, па сега Мери му е крива.
    Според медиумите, лидерот на ДУИ не дека не го признавал македонското судство, ама тој сепак одговара само пред меѓународни судови.
    Што значи тоа. Дека неговите злосторства се од светско значење? И дека со нив го задолжил човештвото?

    3 Бранко Црвенковски кога беше во опозиција многу го критикуваше Љубчо Георгиевски затоа што го примил Хашим Тачи како тогашен премиер на Косово.
    Бранко сега е претседател на Македонија. Хашим Тачи е лидер на опозицијата. И тие се сретнаа во Скопје.
    Во времето на Љубчо премиер примаше премиер. Во времето на Бранко претседател прима лидер на партија. Тачи му кажувал на Црвенковски дека “прашањето за демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово ќе биде решено со донесувањето на одлуката за конечниот статус на Косово на мудар и правичен начин”. Туф, туф, туф…
    Која фурда држава сме ние. Лидер на партија што не е ни на власт уценува со демаркацијата на границата додека Косово не добие независност. А претседател на држава, која дурие е и чланка на ОН не може да уцени дека нема да има статус на Косово додека не се реши прашањето со границата.
    Како Косово ќе биде држава без граница? Исто како и Македонија

    4.Прво умре лавот во Зоолошката градина во Битола. Потоа падна орелот во градината на Бранко. И лавот и орелот симболизираат моќ. А завршија бедно.
    Ако е за право, кадрите од животинската фарма почнаа да се осипуваат порано. Прва од сите умре кокошката од Могила. Само што сиромашката дури и добро помина. Заврши во Лондон.
    Наравоучение од македонската басна: Ако си кокошка ќе летнеш и повисоко и подалеку од орел.

    5 Убаво е што претседателот на САД Џорџ Буш ги кани нашите лидери на политички партии на молитвен појадок секој година на почетокот на февруари.
    Ама уште поубаво би било кога потпретседателот на САД Дик Чејни би ги канел на лов. Така ќе ја решиме неизвесноста кој ќе победи на изборите. Тој што ќе преживее ќе формира влада.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира