БЕГАЈ МАКЕДОНИЈО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:136:"Аргонаутитегобараазлатноторуно,аАрнаутитедобијаовцисозлатноруно

    1 Премиерот Владо Бучковски завчера откако објави дека Австријците ја добиваат ЕСМ Дистрибуција за 225 милиони евра, на еден собир на странски инвеститори во “Александар Палас” рече вака: “До сега Македонија бркаше инвеститори. Отсега инвеститорите ќе ја бркаат Македонија.”
    Бегај Македонијо! Те бркаат инвеститори, парче ќе те направат!

    2 Министерот за финансии Никола Поповски на почетокот на февруари за Радиото “Слободна Европа” изјави дека очекува ЕСМ Дистрибуција да се продаде за 80 до 100 милиони евра. И дека протестите на “Светлина” ја намалиле цената.
    Некој од министрите на завчерашната седница рекол дека ако полицијата ги натепала протестантите од “Светлина”, Австријците можеби ќе даделе и 300 милиони евра.
    Ама, ако Никола Поповски пред еден месец не излезеше со проценката дека 100 милиони се најмногу што може да добиеме, можеби ќе понудеа и 400 милиони!
    Кој треба сега да добие повеќе ќотек? Бидејќи граѓаните на Скопје веќе губат нерви од блокадите, овие од “Светлина” кај и да е, некој ќе ги натепа. Ама кој ќе го натепа Никола?
    Министерот за финансии не треба никој да го тепа. Тој е отепан со голем проблем. Што да прави сега со екстра 125 милиони евра кои не сметаше дека ќе ги добие. Немој случајно да му текне да инвестира во нешто, да поработи некој, да се сврти некоја паричка. Не дај боже. Ќе ги чека следните преговори со ММФ. Тие ќе му кажат да си ги стави парите во чекмеџе.

    3 Директорот на Фондот за здравство во времето на Љубчо Војо Михајловски доби четири години затвор. Фирмите кои оствариле екстра профит врз основа на надувани цени треба да вратат 4 милиони евра во Фондот.
    Љубчо пред извесно време призна: “ВМРО крадеше, ама имаше и за народот”. Кога Војо беше директор на Фондот болниците и аптеките беа полни со се и сешто, повеќето од тоа не им требаше, ама лекови барем имаше.
    Овие сега не оставија ни за лек.

    4 Иван Анастасовски е еден од тројцата пратеници што од СДСМ премина во новата партија на Тито Петковски.
    Нема што тука сега да се џвака јазик за идеологија, спротивставени концепти, реформи, развој… Човекот си е реален и рационален. За да не ни го троши времето си ја кажа вистинската причина зошто сменил партија. Рече: “Сакам пак да бидам пратеник”.

    5 Најбогатиот овчар во Македонија се вика Џемаили. Нему државата му исплатила 700.000 евра за 1.000 овци. Една овца вреди 700 евра.
    Јавниот правобранител не реагираше на цената на овците. Тој реагираше за цената на преживеаните Прилепчани од Карпалак. Кога основниот суд во Битола за претрпен страв и душевна болка донесе одлука тие да се отштетат со по 3.500 евра, јавниот правобранител рече дека тоа е скапо и ја поништи одлуката.
    Овците на Џемаили изгледа биле со златно руно.
    Во митологијата Аргонаутите се тие што го барале златното руно за да си го добијат кралството назад.
    Во македонската современа приказна, Аргонаутите се Арнаути, кралство си имаат, а златното руно само им доаѓа.

    6 Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Владо Бучковски конечно да го каже датумот на изборите. Рече дека така ќе се олабавеле партиите, медиумите и фирмите.
    Што го учеле Милошоски толку години во Германија? Јавно да каже дека и фирмите учествуваат во изборите. Како тие ќе се олабават? Кога ќе им кажат партиите а ги префрлат парите на сметка.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира