КОНЗУЛАРЕН МАЗОХИЗАМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:66:"Ура,ќесијавидамкуќатанаСиЕнЕн

    1 Почнаа преговорите со ЕУ за олеснување на визниот режим. За почеток виза најлесно ќе добиваат македонските научници. Во иднина пред конзулатите нема да се игра оро. Научниците ќе бранат докторати пред конзуларните службеници.
    Македонските научници се спасија. Ќе можат полесно да дојдат до визи за ЕУ. Следни во низата за олеснување се македонските космонаути.

    2 Нека пробаат Бучко и Илинка пред секое патување да ја поминат истата процедура за вадење виза, како што треба да ја поминеме ние. Нека спакуваат во една папка здравствени книшки, сини картони, М1, М2 обрасци, покани и гарантни писма дека ќе се вратат во земјата и на истото работно место, банкарски сметки, доказ дека тие што ги канат можат тоа да си го дозволат, разни полиси за осигурување…Ако треба и оро нека заиграат, кој број чевли носат нека пријават. И на крај – да платат со свои пари за визите.
    На самиот почеток на преговорите за олеснување на визниот режим со ЕУ МНР излезе со остар став. Рекоа дека ова што ни го прават странците со визите е конзуларен садизам.
    Дојдоа од ЕУ на преговорите и прво прашаа: Каде ви се новите пасоши? И што им одговорија нашиве? Ај доста со такви садистички прашања. Пасошите ќе бидат, ама имаме проблем. И што им одговорија од ЕУ? Кога ќе го решите проблемот ќе дојдеме пак да ви олесниме.
    Така е веќе најмалку 10 години. ЕУ ги дава постојано истите задачи – сигурни пасоши, сериозна гранична контрола и договори за реадмисија, а Владата постојано бара олеснување и не си ја завршува домашната задача.
    Не ќе да е конзуларен садизам од нивна страна. Ова е конзуларен мазохизам од наша страна.

    3 Бидејќи нема да патуваме во странство оти немаме визи, а и да ни ги дадат немаме пари да ги платиме, ќе си седиме дома. Ќе лежиме на кауч и ќе уживаме во убавините на татковината. Како? Нема да гледаме низ прозорец оти така глетката не е убава. Ќе си гледаме телевизија. Ќе вртиме на Си-Ен-Ен. Таму ќе се врти реклама за Македонија.
    Откако ќе помине кампањата на Си Ен Ен, Македонија ќе ја преплават туристи од целиот свет.
    Ние имаме искуство со туристичка наезда по рекламирање на Си-Ен-Ен. Кога во 1999 година го видовме Блаце на телевизија, во Македонија нагрнаа 360.000 туристи. И тоа само од Косово.
    Тогаш за 300.000 гости не плативме ништо. Сега плаќаме 300.000 евра. Така е тоа во светските ТВ мрежи. Прво те рекламираат за џабе, а после мораш да им платиш.
    Имаше една клетва во Босна за време на граѓанската војна. Да даде Господ да ти ја има куќата на Си-Ен-Ен.

    4 Конечно го донесоа изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ се избори да има партиски војници во избирачките одбори. По затворањето на гласачките места тие ќе ги бројат гласовите. За партиите многу се важни бирачите. Ама поважни им се бројачите.
    Опозицијата не можеше да се договори која е најголема партија, па ВМРО-ДПМНЕ побара да се именува. Груевски бараше да биде прогласен како опозиција со закон. И додека не влезе во закон, не се враќаше во Собранието.
    Нешто во потсвеста на Груевски му шепкало дека не е подготвен за владеење. Затоа сака да биде заштитен со закон како опозиција.
    Не ја менувајте опозицијата. Менувајте го законот.

    5 Бучковски навести дека изборите ќе бидат на 5 јули. Тоа е среда. Треба да се прогласи за неработен ден.
    Тоа не е голем проблем. Од 1 јули половина Македонија ќе оди на одмор. Другата половина ионака не работи и во работни денови.

    6 Од дипломатски, владини и партиски извори поткрепени со сознанија од разузнавачки служби ексклузивно дознаваме дека преговорите за членство на Македонија во ЕУ ќе почнат во 10 часот. Сега се работи на деталите. Се утврдува кој ден, месец и година.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира