ТЕРМИНАТОР КОАЛИЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:204:"МилионигледачинизсветотседатпредтелевизорисоспакуваникуферичекаатдајавидатМакедонијанаСиЕнЕн

    1 Претседателот Бранко Црвенковски пак имаше нешто битно да изјави. И тоа беше многу итно, па на вестите на “Канал 5” ни се јави преку сателитска врска од Солун. Кога ја видов драматичната најава мислев дека или не примиле во Европска унија или Солун дефинитивно станал наш. Ни тоа, ни тоа. Бранко од Солун ни кажа дека Грција 15 години не уценува за името. Пази, стварно…
    Бранко не спомена дека од тие петнаесет години 11 години тој е на власт. Мислеше нам самите ќе ни текне.

    2 По интервенција на премиерот Бучковски, договорено е најитно да бидат извршени дополнителни лекарски прегледи на внуката на Гоце Делчев Катерина Трајкова Нурџиева за подобрување на нејзината здравствена состојба. Така вчера јави МИА.
    Кај кого интервенирал Бучко? Кај Владо Димов? Сиромашката госпоѓа Нурџиева. Мора да била многу очајна штом од Бугарија дошла да се лечи кај нас.
    Бучко морал да фаќа врски. Обичен човек чека и по шест месеци за да се појави на преглед. Среќа што госпоѓата е внука на Гоце Делчев па фатила врски кај премиерот. Инаку, за лечење кај нас најсигурни се врските кај Свети Петар.

    3 Министерот Владо Димов куртули од интерпелација правдајќи се дека има обврски за Светскиот ден на здравјето. Тој ден се појави во Воена болница и го отвараше новиот центар за дијализа.
    Десетина дена подоцна здружението на бубрежно болни откри дека центарот не работи. Таму имало претстава. На креветите лежеле вработени во болницата. Болните уште ги дијализираат во Струга, а вработените глумеле пациенти.
    Димов немал обврски за Денот на здравјето. Тој го одбележувал Денот на театарот.

    4 Министерот за образование Мерсим Положани вчера во Остин, Тексас ја прими наградата за Одличност во информатичката технологија. “Сите 500 основни и средни училишта, студентски домови, факултети се поврзани со безжична мрежа, и повеќе од 300 илјади студенти и наставници имаат своја електронска пошта”, се пофалил Положани.
    На почетокот на оваа акција кружеше една анегдота. Кога дошле Американците во едно селско училиште ги прашале наставниците зошто им служат комјутерите. Тие им рекле: “За математика”. Како за математика, прашале Американците, а овие им одговориле: Е па вака. Деца, имате пет компјутери. Ако ви украдат три, колку ќе ви останат?
    Убаво е тоа што имаме интернет во училиштата. Само што немаме греење. А во Радовиш немаат компјутери. Оти немаат ни школо.

    5 Си седам јас упорно пред телевизор и ја чекам рекламата на Си Ен Ен за Македонија. Којзнае уште колку милиони во светот како мене седат пред телевизор и чекаат да ја видат Македонија. Си викаат: Кај да одам на одмор летово? Не сакам Турција, не сакам Египет, не сакам Грција, не сакам Кипар, не сакам Хрватска, не сакам Црна Гора… Сакам да ја видам Македонија, да ги спакувам куферите и правец – Охрид.
    Сезоната почнува и Хрватска покажува празни плажи, чисто море и стари градови. Што да им покажеме ние: Чисти плажи на кои нема бучна музика? Езера и реки по кои не пливаат пластични шишиња? Или, стари градби со алуминиумски прозорци, пластични тенди и тезги со најлони?
    Храватска се рекламира со слоганот: Медитеранот, како што некогаш бил. А ние ќе одиме со слоганот: “Македонија како што никогаш нема да ја биде”.
    Ние сме итар народ. Ќе ги оставиме да чекаат милионите гледачи на Си Ен ЕН и ќе ги држиме во неизвесност. Ќе ја скокнеме летната сезона. Ќе се рекламираме по рамковен договор. На Си Ен Ен ќе ги пуштаме зимските центри. Три македонски, еден албански.

    6 За Први мај го гледав Дојчин Цветановски и неговите синдикалци облечени во портокалови маици. Исти беа како Јушченко со неговата портокалова револуција.
    Бојата на маиците ја увезовме од Украина, свирчињата од Србија…
    Не знаеме ние да правиме револуција.

    7 ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека се сликале со Шварценегер оти негов човек ќе им помагал во кампањата. По два дена и СДСМ покажа покажа слики со Шварценегер.
    Замислете изборните резултати да бидат таквиза да мораат Бучко и Груевски да формираат влада со широка коалиција. Како ќе ги викаме? Терминатори.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира