АПАШКА ДЕМОКРАТИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:167:"Пациентитесетолкубезобразноболништоочекуваатлековидаимабаштогашкогаимтребаат

    1 Бранко ги собра поголемите парламентарни партии за да потпишат декларација за фер и демократски избори. Се договорија дека на овие избори нема да крадат како до сега и нема да гинат луѓе.
    Штом се сликаат за јавно да не убедат нас и странците дека сега ќе бидат добри, тоа значи дека признаваат оти до сега биле лоши. Видете колку убаво друштво беа собрани. Се докажани борци за демократија со мирни средства. На чело со тој што ги собра. Истите луѓе чии партски војници 15 години полнеа гласачки кутии, кршеа на избирачките места, пукаа со оружје, па дури и убиваа… Собир на апаши за фер и демократски избори.
    Сега кога големите партии рекоа дека ќе играат фер, останува прашањето зошто Бранко не ги собра и помалите партии за да потпишат декларација? Значи ли тоа дека тие не мора да бидат фер и демократски како големите. Или малите ќе бидат алиби за белјите на големите?

    2 Малите сепак не се толку мали, оти имаат телевизии. Во Македонија има три приватни национални телевизии чиишто газди се лидери на мали партии. Нив Бранко не ги викна на потпишување декларација. Не ни требало да ги вика, оти тие ионака секој ден шибаат демократија на вести. За трето место на листите на големите.
    Фер и демократски избори со газди на телевизии што сакаат да ја освојат власта!? Прикаски ли раскажуваат, или вицови кажуваат?

    3 Американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ им порача на лидерите што се собраа со Бранко дека изборите на 5 јули треба да ги направат за чиста петка.
    Госпоѓата Миловановиќ го почна мандатот во Македонија на 1 септември минатата година. На почеток на школската година. Учителката молчеше речиси две полугодија. Сега, кога се заклучуваат оценките бара чиста петка.
    Пред Миловановиќ во Македонија беше Лоренс Батлер. Со неговото заминување за нашите политичари заврши забавиштето. Дојде учителката која во основно училиште бара и домашни задачи. Сега им завршува првото одделение. Учителката изгледа много строго. Не верувам дека ќе дава петки со протекција.

    4 Пак дојде средина на месецот и пак пред државните аптеки се направија опашки за лекови на рецепт. Се е исто како и минатите години, само што се ближи изборната кампања, па директорката на Градски аптеки “Скопје” мораше да држи прес конференција. Кажа дека лекови – има. И апелираше до пациентите да не дигаат тензии и да се стрпат. Оти ги нема само лековите за срце, за астма, за тироида и за шизофренија. Нормално, такви лекови им требаат на пациенти што можат да се стрпат. Кој може да чека, нека чека. Кој не може – ќе си оди.
    Како може да се рече дека има лекови, ако ги има само два дена во месецот? И тие два дена треба да се чека во ред. Овие пациенти во Македонија се толку безобразно болни што очекуваат лекови да има баш тогаш кога им требаат.
    Од кога е вест за телевизија и за весник дека во аптека може да се најдат и лекови? Тоа ти е исто како некој пекар да се пофали дека во пекарата има леб. Само што за леб не ни одвојуваат секој месец по девет отсто од платата, а за лекови сакале – не сакале, ни ги земаат парите.
    Штета што директорката не држеше прес конференција пред да излезе книшката на СДСМ за педесетте успеси. Да знаеше Бучко дека во аптеките два дена месечно има и лекови, тоа ќе го ставеше како педест и прво достигнување.

    5 Синодот на Македонската православна црква препорача да не се гледа филмот “Кодот на Да Винчи”, оти бил полн со религиски невистини. Владиците велат дека не го гледале филмот, ама ја читале книгата. Не кажаа дали смее и другите да ја читаат книгата, или доволно е тоа што тие ја прочитале.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира