ДЕЖУРЕН ДИСПЕЧЕР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:62:"40отстоодгласачитеспремнизаЕУ

    1 Американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ може да биде среќна. Денеска цели 5 минути немало некој инцидент. А богами и европскиот претставник Ерван Фуере може следните половина час да одмори, откако ги пофали лидерите на албанските партии дека во последно време не извадиле пиштоли.
    Прво ми беше жал за госпоѓата Миловановиќ и за господинот Фуере што по жештината мораа да ги шетаат албанските села и да им укажуваат на локалните водачи дека е подобро за нив да го остават оружјето. Ама после си реков: Што пак да ги жалам? Тие сами си ги создадоа овие албански лидери, сами нека си се справуваат со нивните белји.
    Знаеја кој дигна востание во 2001 година, а сега не знаат кој пукал во Рашче. Ајде де. Нека си го викнат пак Питер Фејт да ги собуе чевлите и да си се напие чај. Тој ќе им каже кој пукал. И нека не ја викаат полицијата. Оти оваа меѓуалбанска битка и така нема никаква врска со Македонија. Нели и Али Ахмети рече дека “инцидентите се лоши за Албанците, но и за финалниот статус на Косово”.
    Ни луѓето на Али Ахмети, ни луѓето на Арбен Џафери не сме ги виделе дека веат македонски знамиња. И кога протестираат за човекови права и кога се тепаат со пиштоли меѓу себе, во секоја прилика си го веат албанското знаме заедно со знамињата на САД и ЕУ. Каде е Македонија во нивната приказна? Ја нема. Македонија е колатерална штета!? Затоа и нема зошто ние да се занимаваме со нив. САД и ЕУ нека си ги скротат монструмите што сами си ги создадоа.

    2 До сега во странската приказна за Македонија, Македонците беа лошите, а Албанците беа добрите. Сега, кога прв пат светот не можеше да замижи пред лошотијата на албанските лидери, Македонците испуштија прилика да се покажат во навистина добро светло. Од Албанците научија дека власта се освојува со калашников, па побрзаа и тие да извадат оружје. Само наместо да пукаат во планина, преминаа во урбана герила. Пукаа во центар на Скопје, пред супермаркетот што е најголемата странска инвестиција на Бранко.
    Видоа дека тепачката меѓу Албанците привлече внимание кај амбасадорите, па и тие како љубоморни деца побрзаа да се изборат за внимание. Исто како ќерка ми кога се бори за внимание покрај помалото братче. Само што таа има три години, а тој девет месеци. Штом заплачат веднаш некој возрасен мора да ги седне в скут. Така и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ најдоа сигурен начин да седнат во скутот на амбасадорите на ЕУ и САД. Ги пуштија подмладоците да лепат плакати и да пукаат.
    Каква иднина можете да им предвидите на двете најголеми партии кога нивните подмладоци лепат плакати вооружени со калашникови? Ние треба да поверуваме дека тие пукале во име на слободата и демократијата. А не дека толку ја сакаат власта што се подготвени и оружје да извадат.

    3 За што се степаа? За плакати на кои се смеат фаците на нивните лидери.
    Се сликале како некој да не ги видел последниве петнаесет години. А сега кога ќе ги види обесени на билборд, веднаш ќе реши да гласа за нив.
    Тие си мислат дека некој многу сака да ги гледа. И дека не само што кажуваат многу битни и точни работи по митинзите, туку се и многу убави за сликање.

    4 На неколку денови пред изборите, за прв пат бројот на неопределените не само што не се намалува, туку и расте. Над 40 отсто од избирачите не знаат за кого би гласале.
    Ете солидна критична маса за ЕУ и НАТО. Барем тие 40 отсто нека не бидат условени од меѓународната заедница. Оние што лепат плакати и шетаат со каравани, а повремено и пукаат, па и тие што само пукаат, нека си седат со своите лидери дома и занесено нека ги слушаат како еден ден ќе ги внесат во ЕУ и НАТО. Останатите 40 отсто нека влезат директно.
    Само треба да внимаваат кога ќе тргнат за ЕУ да не биде тоа со џамбото пред коешто се сликал Груевски за реклами по весниците. Оти ако авионот го вози Бучко, а Груевски го паркира, тоа им е јака сигурност дека ќе стигнат таму каде што наумиле.

    5 Пред некој ден Хидрометоролошката управа беше со исклучени телефони. Говорниот апарат велеше дека “претплатникот е привремено исклучен”. Тоа во превод значи дека не платиле. Владата не им префрлила пари. И тоа подолго време.
    Не е убаво кога метеоролозите ќе останат без телефон. Како ќе јават дека доаѓа невреме?
    Пред неколку месеци, на претседателот Бранко Црвенковски му подарија мини мерна метеоролошка станица. Ионака нема многу работа, може тој да ни кажува какво ќе биде времето. Секој ден Кабинетот ќе испраќа соопштение со прогноза за времето. Претседателот ќе биден дежурен синоптичар.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира