1 ДУИ мора да влезе во Владата оти има освоено најмногу гласови. Така вели Али Ахмети. Така вели и Ерван Фуере.
Ако е според тоа кој освоил најмногу гласови тогаш ВМРО-ДПМНЕ треба да коалицира со СДСМ.
Е, ама не било така. Фуере рече дека Владата мора да го одразува мултиетничкиот карактер на државата и резултатите од изборите. ДУИ има освоено најмногу гласови, ама кај Албанците. Значи, кај Македонците победила ВМРО-ДПМНЕ, а кај Албанците победила ДУИ.
Штом е така зошто воопшто правиме заеднички избори? Македонците нека си прават едни, Албанците нека си прават други избори. Тогаш барем на Македонците нема да им велат дека изборите не им биле регуларни. А Албанците нека си полнат кутии, нека си гласаат и за мртвите и за жените и за тие што им се во странство, па и традиционално нека пукаат ако сакаат.
Претставникот на ЕУ Ерван Фуере побрза уште првиот ден да каже дека во коалицијата треба да влезе партијата што освоила најголем број гласови од гласачите што го претставуваат малцинството во земјата.
Каде го има тоа во Европа? Нека ни покаже Фуере од каде да го препишеме ова искуство. Дали од Франција, дали од Велика Британија, дали од Шпанија, дали од Грција, дали од Естонија, дали од Ирска… Ние толку многу сакаме во ЕУ, така што ќе направиме исто како што тие прават коалиции со партиите на малцинствата во нивните земји.
2 Кога двете партии на малцинството не може да се договорат, меѓународната заедница промовира ново европско искуство. Во владата ќе влезат двете. И ДПА што е по ќефот на Груевски и ДУИ што е по ќефот на Фуере. Така што кај Албанците нема победничка и поразена партија. Џабе гласаа. И во иднина не мора да гласаат. Нека си се тепаат македонските партии, а за Албанците не е важно за која партија ќе гласаат, оти сите ќе влезат во власта.
Македонците се борат за демократија, а Албанците за човекови права.
3 Ај што ДУИ мора да биде повторно на власт, туку тие пак имале список на барања и услови. Жити се…
А каков список може да извади ДУИ? Да не имаат случајно список на економски мерки?
Ако не им оди се по список, веднаш прават друг список. Која банда во кое село ќе се постави. Најдобрите барања се условуваат со пушка.
Ако ДУИ не влезе во власта тука е пратеникот Садула Дураку. Тој може пак да оди да ги затвори ветнтилите на Липковското езеро. Само што во овој состав на Парламентот ќе има поголема конкуренција. Во пратеникот на ДПА, командант Лека, а можеби и во Красниќи.
4 Ај што овие од ДУИ мора да се на власт, ај што имаат и список, туку и против арамии ќе се бореле. Ермира Мехмети изјави дека ДУИ во новата Влада ќе се бори со организираниот криминал.
Што правеа последниве четитри години? Не можеа да се борат против организираниот криминал. Власта не им даваше.
5 Ернат Фејзулаху од ДПА рече дека “ДУИ е составена од бандити, убијци, криминалци и корумпирани функционери.” А во неговата ДПА најмалку два мандата се спорни. Оној на командантот Лека и кондовскиот бандит Красниќи.
Подрж’ми го копилево да и се изнасмеам на копиљарката.
6 Велат дека ВМРО-ДПМНЕ мора да коалицира со ДПА, затоа што и била “традиционален партнер”.
Која традиција? Биле во Влада заедно само еднаш. И тоа со Љубчо и со Доста.
Во тоа ВМРО кое беше партнер на ДПА министер беше и Борис Стојменов. А тој сега е во коалиција со Бучко. Значи ДПА е традиционален партнер и на СДСМ.
Џафери вели дека сакал да се обедини десницата. Која десница? Онаа левата. Со Тито и Ѕинго.
Така што и ДПА и ДУИ имаат оправдување зошто баш тие мора да бидат во власта. Едните по традиција добиле гласови, а другите негуваат традиција. Одат со тој што може да им даде. Како и секоја верна курва.
7 Груевски вели дека ќе донесе странци за јавен обвинител, за МРТВ, за Фонд за здравство, за царина…
Македонија има сила. Сила за големи чекори. Ама само со луѓе од странство.
Значи слоганот на новата влада ќе биде “Македонија има странци. Странци за 100 чекори”.