РЕПУБЛИКА ВО ПЛАМЕН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:209:"Овциима,овчаритеседоброситуирани,акатастаротпокажадекаможеданајдепасиштаивоцентарнаглавниотград.

    1 Владини функционери, судии, адвокати, нотари, вработени во катастарот, анонимни пензионери, лихвари и бизнисмени се замешани во корупциски скандал вреден 5 милиони евра.
    Па што? Да не е прв скандал случајно?
    Шемата на крадење е многу сложена. Ама шемата на расветлување на случајот е многу едноставна. Некој ќе одржи прес конференција, новинарите ќе пренесат, другиот ден ќе истражуваат и третиот ден ќе го прашуваат јавниот обвинител дали ќе покрене истрага. Тој ќе рече: “Уште не сум ги добил материјалите”. Новинарите уште неколку дена ќе прашуваат дали стигнале материјалите. И додека чекаат правна разврска на скандалот, започнува нова прес конференција. Со откривање на нов скандал.
    И така едно петнаесет години.
    Тие скандали несомнено се големи. Но најголем скандал е што ниту еден од нив не завршил на суд. Па макар учесниците да бидат и ослободени.

    2 Новинарите се во очајничка потрага по пензионерот Ордан Милановски. Сакаат да направат репортажа како се собираат пари за црни денови. Штедиш во младоста за да имаш кога ќе остариш. Никогаш не знаеш кога ќе ти затребаат стотина илјади евра за да позајмиш пари. Вредниот пензионер Ордан прво му позајмил пари на легендарниот овчар Иснифарис од случајот “Бачило”. После се откри и дека позајмувал на уште триесет други во новиот скандал со катастарот.
    Пензионерот што живее во мала куќичка во скопската населба “Камник” им избегал на новинарите додека решавал крстозбор. Тоа значи дека тие одеднаш му го пореметиле спокојниот пензионерски живот. Гајле му е. Договорите му се потпишани, може да се сконцентрира на енигматика. Со оглед на тоа каква смисла за математика има, сигурно решавал и судоку.

    3 Бившата директорка на Скопскиот катастар Емилија Алексова сега е приватен извршител.
    Се покажа дека знае да заврши работа.

    4 Новата влада има идеална шанса да го реши спорот за името со Грција. Државата ќе се вика Република Бачило. Името е соодветно на духот на времето и општиот амбиент. Овци има, овчарите се добро ситуирани, а катастарот покажа дека може да најде пасишта и во центар на главниот град.

    5 На 1 септември сите училишта во Македонија ќе ја почнат школската година без струја. ЕСМ ги исклучи затоа што министерството за образование не ги плаќало сметките.
    Во државниот буџет парите за струја се предвидени. Ние како даночни обврзници сме ги дале тие пари. Ако не се платени сметките, тогаш каде се парите? Кој ги украл? И дали некој за тоа ќе одговара?
    Последново прашање нема да биде одговорено на следната прес конференција. Само ќе биде поставено.

    6 Канал 5 објави дека минатиот викенд државните вили во Охрид биле претесни да ги примат сите функционери. Покрај Бранко Црвенковски, таму се одмарал и премиерот во заминување Бучковски и новиот спикер Љубиша Георгиевски и стариот министер за одбрана Јован Манасијевски и еден куп стари и нови пратеници.
    Новите функционери побрзаа со привилегиите за одмор уште од првиот викенд. А старите не се откажаа ни до последниот викенд.

    7 Спикерот Љубиша Георгиевски си заминал од државната вила во Охрид половина час пред да избие пожар во нејзината околина.
    Во 1969 година, Георгиевски го режираше филмот “Републиката во пламен”. Во 2006 година за половина час пропушти шанса да направи римејк на филмот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира