БИВШИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП МИХАИЛ ДАНЕВ ГО ПРИМИ НАЈВИСОКОТО ПРИЗНАНИЕ НА ГРАДОТ, ОРДЕНОТ „СВ. НИКОЛА“

    БИВШИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП МИХАИЛ ДАНЕВ ГО ПРИМИ НАЈВИСОКОТО ПРИЗНАНИЕ НА ГРАДОТ, ОРДЕНОТ „СВ. НИКОЛА“Освен Данев (втор од лево), градот ги награди и Катица Жежова, Мирко Наџаков и Кирил Барбареев (Фото: СДК.МК)

    Привремениот градоначалник на Штип Јане Миланов и новоизбраниот градоначалник Сашко Николов ги врачија орденот „Св. Никола“ и плакетите „19 Декември“ на четворица штипјани кои дале посебен придонес во развојот и афирмацијата на градот.

    Михаил Данев, кој го водеше градот во два мандата од 1974 до 1982, е годинашниот носител на орденот „Св. Никола“. Од 1986 до 1989, тој беше секретар на Претседателството на ЦК на СКМ, а денес живее во Скопје.

    Во време на неговите два мандата како претседател во Штип се изградија повеќе станбени згради за работниците, Здравствениот дом, Домот на културата, Народната библиотека и Општинската зграда, која функционира и денес.

    Во чест на патрониот ден на градот Св. Никола, плакетите „19 декември“ ги добија големата хуманистка и долгогодишна крводарителка Катица Жежова, Кирил Барбареев за развојот на образованието и спортскиот педагог Мирко Наџаков за над 50-годишно афирмирање на фудбалот во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира