Полицијата во германскиот град Дуизбург соопшти дека истражува родители на новородено девојче од 40 дена поради тоа што се осомничени дека пробале да ја продат својата ќерка преку интернет мрежата еВаy.
Според полицијата во вторникот бебето било поставено на популарниот интернет сајт на аукција за цена од 5000 евра. При претресот на станот на родителите откриено е дека постот бил публикуван од нивната интернет мрежа.
Властите велат дека е можно и други членови од семејството да имале пристап до интернет мрежата.