КАТЕДРАТА ЗА СОВРЕМЕН ТАНЦ ОД ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ДОБИ БАЛЕТСКИ СТУДИЈА ВО ДОМ НА АРМ ВО СКОПЈЕ

    КАТЕДРАТА ЗА СОВРЕМЕН ТАНЦ ОД ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ДОБИ БАЛЕТСКИ СТУДИЈА ВО ДОМ НА АРМ ВО СКОПЈЕРисимкин со холандскиот амбасадорот Дирк Јан Коп, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и проректорите Дејан Мираковски и Мишко Џидров денеска ги преставија балетските студија. (Фото: К. Попов)

    Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип отсега ќе работи во Домот на АРМ во Скопје, кажа денеска деканката на Филмската академија при Универзитетот Рисима Рисимкин.
    Просториите каде порано имаше сали за вежбање ги добија од Министерството за одбрана, а се реновирани со донација од Холандската амбасада.

    „Добивме донација од околу 18 илјади евра од нашите долгогодишни холандски партнери, за специјален балетски под за двете студија и специјален дрвен под. Мислам дека во моментов сме единствени во Македонија кои го имаме тој под за танцување кој благо вибрира и овозможува да ги спречи можните повреди. Навистина се трудиме како Универзитет нашите стдуенти да имаат извонредни услови по европски стандарди. Од годинава имаме и странски студенти и мастер студии, на кои се пријавени не само од земјава и регионот, туку и пошироко“, кажа Рисимкин.

    Говорејќи за соработката со Скопје танцовата академија, холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп кажа дека направиле одлични чекори во изминативе години.

    „После три години од нашата првична поддршка, успеа да застане на свои нозе, успева да користи државна помош и успеа да стане дел од државниот образовен систем“, рече амбасадорот.

    Скопје танцовата академија вечерва (21 часот) слави 10 години јубилеј во склоп на Танц фест Скопје, со претставата „Меѓусвет“, и  премиерата на „Ѓаволска дупка“ на Дејан Битровски и танцовиот филм „Дома“ на кореографката Адријана Данчевска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира