ЧЕТИРИ ЛИЦА ОД ГОСТИВАРСКО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ИЗЛЕГЛЕ ОД ИЗОЛАЦИЈА И СИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО

    ЧЕТИРИ ЛИЦА ОД ГОСТИВАРСКО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ИЗЛЕГЛЕ ОД ИЗОЛАЦИЈА И СИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВОЕдно од лицата кое ја напуштило државата и покрај решението за изолација е од селото Чегране. (Фото: СДК.МК)

    Четири лица од лица од гостиварско кои биле заразени со ковид-19 и на кои им била одредена домашна изолација, не ги почитувале пропишаните мерки и ја напуштиле државата, соопшти СВР Тетово.

    „Вчера, при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З. Б. (33) од Чегране, позитивна на ковид-19, не била дома и ја напуштила државата. При контрола на лицето Х. С. (32) од гостиварско Корито, позитивен на  ковид-19 , било утврдено дека и тој не бил дома во излолација туку дека ја напуштил државата. Истото се случило и со неговите соселани 52-годишната В. Ш. и 22-годишниот А. Ш. исто така позитивни на ковид-19, ја напуштиле државата“, вели портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.

    СВР Тетово по целосно документирање на случаите против нив ќе поднесе соодветна пријава.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира