ЦРВЕНКОВСКИ И ИВАНОВ НЕ ПРЕЗЕМАА НИШТО ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА КОГА ТРЕБАШЕ, СЕГА НЕКА СИ ЌУТАТ, ВЕЛАТ ОД СДСМ

    ЦРВЕНКОВСКИ И ИВАНОВ НЕ ПРЕЗЕМАА НИШТО ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА КОГА ТРЕБАШЕ, СЕГА НЕКА СИ ЌУТАТ, ВЕЛАТ ОД СДСММакедонија денеска е корумпирана држава, внатрешно длабоко поделена и конфронтирана, која живее на кредити и еден ден тој балон ќе пукне со катастрофални последици, кажа поранешниот претседател Бранко Црвенковски. (Фото: К. Попов)

    Не е чесно ниту кон граѓаните, ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот, велат од СДСМ по денешните говори на Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов на настан во МАНУ.

    Црвенковски, долгогодишен претседател на СДСМ, ги критикуваше и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, а кажа и дека државата е корумпирана, поделена и живее од кредити.

    “Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред се заради нашот народ и заради иднината на сите наши деца”, му одговорија од СДСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира