НОВИОТ БОНД ФИЛМ ОД УТРЕ ВО СКОПСКИТЕ КИНА, ДОСЕГА ЗАРАБОТИ 119 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО 54 ЗЕМЈИ

    НОВИОТ БОНД ФИЛМ ОД УТРЕ ВО СКОПСКИТЕ КИНА, ДОСЕГА ЗАРАБОТИ 119 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО 54 ЗЕМЈИДаниел Крег и Ана де Армас во сцена од „Не е време за умирање“. (Фото: МГМ)

    Новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“, 25. по ред,  од утре игра во скопските кина Милениум и Синеплекс.

    Светската премиера беше на 28 септември, по 18 месеци од првично најавениот термин и три одложувања поради пандемијата на ковид-19. Во првиот викенд од прикажувањето во Велика Британија заработи повеќе од претходните филмови за Џејмс Бонд. Во Британија игра во 772 кино сали, со над 9.000 проекции на ден.

    Петтото и последно појавување на Даниел Крег како тајниот агент 007 заработи 21 милион фунти од петокот до неделата. Со тоа ги победи „Скајфол“, кој заработи 20,2 милиони фунти и „Спектра“ (19,8 милиони), кои досега беа на првите две места.

    Филмот веќе се прикажува на 54 земји и заработи 119 милиони долари. Од утре игра во САД, а од 29 октомври во Кина, кои важат за најголеми филмски пазари.

    За петтиот и последен филм на Даниел Крег како Бонд, Кевин Мејхер од „Тајмс“ вели дека е подобар од добар, додавајќи дека е величествен. Питер Бредшо од „Гардијан“ го опиша филмот како „епска бура која носи драма, комедија, скршено срце, хорор и акција како од старите времиња“, заклучувајќи дека филмот е навистина весел и спектакуларен.

    „Ве очекувавме господине Бонд, веќе подолго време. Каква радост и олеснување што се вративте“, вели Роби Колин од „Телеграф“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира