МАКЕДОНИЈА ИМА САМО 7 ПИРОТЕХНИЧАРИ ПРЕД ПЕНЗИЈА, ДОКОЛКУ НЕМА МЛАДИ КАДРИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ЌЕ НЕМА НИТУ ЕДЕН

    МАКЕДОНИЈА ИМА САМО 7 ПИРОТЕХНИЧАРИ ПРЕД ПЕНЗИЈА, ДОКОЛКУ НЕМА МЛАДИ КАДРИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ЌЕ НЕМА НИТУ ЕДЕНОд уништување на неексплодирани гранати во Криволак. (Фото: СДК.МК)

    Само седум пиротехничари за отстранување неексплодирани убојни средства има во целата држава но и тие ја имаат поминато максималната старосна граница во светски рамки која изнесува 55 години. Доколку не се вработат млади од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) алармираат дека за три години државата ќе остане без пиротехничар.

    „Во државата моментално имаме 7 пиротехничари кои се пред пензија. Од 55 години натаму не смее воопшто да работи бидејќи си има норми. Најмалку треба да имаме 15 пиротехничари. Ние во моментот имаме седум бидејќи нема кој да не замени. Потребни се млади кадри “, вели Ефтим Митров, раководител на пиротехничари во ДЗС.

    Митров вели дека 16 години во ДЗС не бил вработен ниту еден пиротехничар оти тоа било ризична работа а условите не биле прилагодени според тежината на професијата која се водела и како професија во која не постои ризик.

    „Интерес за оваа професија нема затоа што не беа регулирани ниту елементарните услови за работа. Доколку вака остане состојбата Македонија за три години ќе нема ниту еден пиротехничар“, додава Митров.

    Со последните измени во Законот за заштита и спасување се очекува младите да се пријават за таа работа и да може да се обучат покрај постоечкиот кадар.

    Како што велат од ДЗС акциите за отстранување убојни средства кои се останати од Првата и Втората Светска војна биле опсежни, се изведувале со скапа опрема, но најважен бил стручниот и обучен кадар.

    Во светски рамки работата на пиротехничарите според ризикот што го носи е сместена на второ место.

    С. ВРЕНЦОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира