„СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ НА КРИСТИЈАН РИСТЕСКИ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ СЛЕМДЕНС ВО САД

    „СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ НА КРИСТИЈАН РИСТЕСКИ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ СЛЕМДЕНС ВО САДПо сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности. (Фото: Продукција Вертиго визуал)

    „Снежана на крајот умира“, дебито на режисерот Кристијан Ристески, ќе има светска премиера на фестивалот Слемденс во САД, кој во живо ќе се одвива во Парк Сити во Јута од 20-23 јануари, а онлајн од 20-30 јануари. Независниот филмски фестивал познат по мотото „од филмаџии за филмаџии“ објави дека на 28. издание има натпреварувачка селекција со 23 премиери, од кои 13 се светски премиери, 6 северноамерикански и 4 американски дебија.

    Избрани од 1.124 пријавени, годинашната селекција е составна од долгометражни филомови, режисерски дебија без американска дистрибуција, со буџети под милион долари – што е оригинално обележје на Слемденс уште од основањето во 1995. Слемденс е основан од петмина режисери кои безуспешно се обидувале да влезат во селекцијата на популарниот фестивал Санденс што се одржува во истиот град. Во изминативе 28 години се разви во Слемденс организација која организира натпревари за сцеанрија, работилници, проекции и настани преку цела година.

    „Снежана на крајот умира“ беше поддржан од Агенцијата за филм во вториот рок за одлучување на конкурсот во 2016 со 12.300.000 денари (околу 200.000 евра), продукција е на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

    По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности.

    „Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен џанки. Маја е волк самотник, не комуницира очи в очи со луѓе, а Игор е риба надвор од вода, има Аспергер синдром. Иако е би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детството, маалска екипа која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизација на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи“, велат за приказната од продукцијата на филмот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира