БАЈДЕН ДОЛЕТА ВО ЕВРОПА ВО ПРИДРУЖБА НА „ЛЕТЕЧКИ ПЕНТАГОН“, АВИОН ОТПОРЕН НА АТОМСКА ДЕТОНАЦИЈА

    БАЈДЕН ДОЛЕТА ВО ЕВРОПА ВО ПРИДРУЖБА НА „ЛЕТЕЧКИ ПЕНТАГОН“, АВИОН ОТПОРЕН НА АТОМСКА ДЕТОНАЦИЈАЕден од четирите „Е4-Б најтвоч“ завчера слетал во Велика Британија (Фото: Викикомонс)

    Американските воздушни сили го испратија „авионот на судниот ден“ во Европа, како дел од флотата што го придружува претседателот Џо Бајден на четиридневната турнеја. „Е4-Б најтвоч“ е дизајниран да служи како команден и контролен центар во случај на нуклеарна војна.

    Пред неколку дена, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, не ја исклучи можноста Русија да употреби нуклеарно оружје ако се најде под „егзистенцијална закана“.

    Најмалку еден од четирите вакви американски авиони е во постојана подготвеност за моментално полетување во случај на нуклеарен конфликт. Еден од нив, во чија основа е преуреден „боинг 747“ и почна да се користи во 1980-ите, слетал во Велика Британија завчера.

    Авионот е дизајниран да го издржи електромагнетниот пулс предизвикан од атомска детонација и одржува контакт со американските воени единици низ цел свет. Овие авиони можат да пренесат претседателски наредби и до американските нуклеарни подморници и подземни полигони за лансирање проектили, поради што често се нарекуваат „Летечки Пентагон“.

    Изгледаат слично како претседателскиот авион “Ер форс уан“, но се дополнети со специјализирана набљудувачка и комуникациска опрема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира