Владимир Јанковски е автор на годината, „Целокупното творештво за возрасни на Оливера Николова“ е најдобра едиција, a најкреативно издание е „Во главата пишувам расказ“ на Елизабета Баковска и Сашо Димоски, прогласи Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), која денеска на Саемот на книгата ги додели наградите за 2022, односно за периодот меѓу ланскиот и овој саем. За наградите одлучуваше тричлената жири-комисија, во состав: Весна Дамчевска, новинарка за култура, Сашо Димоски, книжевник и театролог, и Никола Војнов, графички дизајнер, а доделени се по 3 награди во секоја од седумте категории.
Наградените според категорија се:
ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА ЕДИЦИЈА
1. место: едицијата „Целокупното творештво за возрасни на Оливера Николова“ („Арс ламина “)
2. место: едицијата „Штици“ („Гаврош“)
3. место: едицијата „Безвременски“ („Три“)
ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКИ УРЕДЕНО ИЗДАНИЕ
1. место: „Бамбино“ со приказна и текст на Ника Гавровска и дизајн на Никола Радуловиќ („Гаврош“)
2. место: „Збор по збор“ од Ника Гавровска (идеја, концепт и графичко уредување) и Наташа Андонова (илустрации) („Гаврош“)
3. место: „Волшебното патување на Простор и Време“ – автор Мирко Трајановски, илустратор Кристијан Јованоски („Софија“ – Богданци)
ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА КНИГА ЗА ДЕЦА
1. место: „Пет приказни од целиот свет“ од Живко Грозданоски, со илустрации на Хари Дудески („Чудна шума“)
2. место: „Ши, ѕифри, копчи“ од Владимир Лукаш, со илустрации на Наталија Лукомска („Арс ламина“)
3. место: „Мистериозниот остров“ од Бистра Георгиева, со илустрации на Наталија Лукомска („Три“)
АВТОР НА ГОДИНАТА
Владимир Јанковски
ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈКРЕАТИВНО ИЗДАНИЕ
Во оваа категорија влегуваат оригиналните детски интерактивни книги, боенки за возрасни, како и останати нестандардни изданија. Притоа, се оценува иновативниот пристап и уникатноста на изданието во рамки на нашето издаваштво.
1. место: „Во главата пишувам расказ“ од Елизабета Баковска и Сашо Димоски (самостојно издание)
2. место: Боенки „Finger print art“ („Арс ламина“)
3. место: „Игра со придавки“ – од Оливија Георгиевска, со илустрации на Јована Велинова-Трајанова („Арс ламина“)
ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
1. место: проектот „Сликовницата на Халки“ од издавачот „Софија“ – Богданци
СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРОМОТОР НА ЧИТАЧКАТА КУЛТУРА
Фестивал „Букстар“