ПОЧИНА АКТЕРОТ РЕЈ ЛИОТА

    ПОЧИНА АКТЕРОТ РЕЈ ЛИОТАЛиота се прослави како мафијашот Хенри Хил во „Добри момци“ (Фото: АП)

    Реј Лиота, ѕвездата на „Добри момци“, почина на 67 години во Доминиканска Република, каде што снимал нов филм. Холивудските медиуми објавија дека Лиота починал во сон.

    Во кариерата долга над 40 години, Лиота оствари повеќе од 120 филмски и телевизиски улоги, но останува најзапаметен како мафијашот Хенри Хил од гангстерската класика на Мартин Скорсезе од 1990.

    Роден во Њуарк во 1954, тој бил оставен како бебе во сиропиталиште, а на шестмесечна возраст бил посвоен од автомеханичарот Алфред Лиота. Глума студирал на Универзитетот во Мајами, а првата голема филмска улога ја оствари во „Нешто диво“ од 1986, што му донесе номинација за Златен глобус.

    Во 2005 освои Еми за гостувањето во серијата „Итна служба“. Неговата кариера доби нов замав во изминатите години, појавувајќи се во „Многуте светци на Њуарк“ и „Брачна приказна“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира