БУГАРИЈА БАРА ОД АЛБАНИЈА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ДА УЧИ БУГАРСКИ

    БУГАРИЈА БАРА ОД АЛБАНИЈА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ДА УЧИ БУГАРСКИОд Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Република Албанија, одржан во јуни годинава (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Бугарија ќе даде согласност за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Албанија само ако добие гаранции за правата на бугарското национално малцинство, стои во Рамковната позиција за проширување на ЕУ со Македонија и Албанија од октомври 2019 година, на која постојано се повикуваа бугарските власти за да го симнат ветото за Македонија.

    Бугарија во Рамковната позиција конкретно бара бугарското малцинство во Албанија во Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Кукес и Елбасан да го учи бугарскиот јазик како мајчин јазик. 

    Станува збор за македонското малцинство во Албанија, кое Бугарија си го присвојува и тврди дека било подложено на жестока пропаганда од Титова Југославија, а по 1991 година и од Македонија.

    „Очекуваме правата на бугарското национално малцинство да бидат максимално гарантирани, вклучувајќи го изучувањето, без поставување административни пречки, на литературен бугарски јазик како мајчин во регионите традиционално населувани од нив, како Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Кукес, Елбасан, но и насекаде на други места на територијата на Албанија каде што живеат во моментот. Очекуваме и пребројувањето на населението да биде спроведено согласно највисоките европски стандарди и да ја одразува реалната етничка припадност“, се вели во Рамковната позиција на Бугарија.

    Бугарија го одобри францускиот предлог за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, а предлогот е на разгледување во Македонија. Македонија и Албанија одат во пакет за почеток на пристапните преговори.

    Бугарија не признава постоење на македонскиот јазик и вели дека е дијалект на бугарскиот јазик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира