ЗАГИНА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ УКРАИНЦИ ВО РУСКОТО БОМБАРДИРАЊЕ НА МИКОЛАИВ

    ЗАГИНА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ УКРАИНЦИ ВО РУСКОТО БОМБАРДИРАЊЕ НА МИКОЛАИВМагазинот „Форбс“ го процени богатството на Вадатурски на 450 милиони долари во 2020 година. (Фото: Нибулон)

    Еден од најбогатите украински бизнисмени загина заедно со сопругата во масивното руско бомбардирање на јужниот град Миколаив. Олексиј Вадатурски (74) и сопругата Раиса загинаа кога ракета го погоди нивниот дом ноќеска, јавија украинските медиуми.

    Вадатурски беше сопственик на „Нибулон“, групација вклучена во извозот на жито. Тој, исто така, ја имаше добиено наградата „Херој на Украина“.

    Градоначалникот на Миколаив Олександр Сенкевич кажа дека ноќеска било веројатно најжестокото руско бомбардирање на градот. Оштетени беа хотел, спортски комплекс, две училишта, како и многу домови.

    Миколаив е на патот за Одеса, најголемото украинско пристаниште.

    Лидерот на регионот Витали Ким кажа дека Вадатурски има направено многу за Миколаив и за цела Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира