АМЕРИКАНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ТОД БОУЛИ ГИ КУПУВА МЕЃУНАРОДНИТЕ СРЕДСТВА НА „ЛУКОИЛ“

АМЕРИКАНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ТОД БОУЛИ ГИ КУПУВА МЕЃУНАРОДНИТЕ СРЕДСТВА НА „ЛУКОИЛ“Министерството за финансии на САД во октомври 2025 воведе санкции против „Лукоил“ (Фото: ТАСС)

Американскиот милијардер Тод Боули изјави дека потпишал договор со „Лукоил“ за преземање на меѓународните средства на оваа руска нафтена компанија, која е под санкции. Во конзорциумот на Боули учествува и американската Корпорација за меѓународен развој и финансии (ДФЦ).

Договорот, кој е резултат на повеќе од едногодишни преговори, предвидува размена на хартии од вредност на „Лукоил“ во вредност од 10 милијарди долари за меѓународните средства на компанијата, соопштија Боули и претставник на ДФЦ.

Министерството за финансии на САД, кое во октомври 2025 воведе санкции против „Лукоил“, ќе го разгледа договорот за да осигури дека националната безбедност на САД е заштитена, изјави извор запознат со процесот. Според договорот, Вашингтон треба да добие дел од идните профити.

„Доколку биде одобрен, овој договор би помогнал во напорите да се ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина, како и да се замени руското влијание на стратешките пазари со американско“, кажа Боули.

Меѓународното портфолио на „Лукоил“ опфаќа операции во 11 земји со производство од околу 350.000 барели нафта дневно, вклучувајќи и големи нафтени полиња во Азербејџан и Казахстан, а се проценува на околу 16 милијарди долари.

Боули изјави дека вредноста на пакетот, кој опфаќа и рафинерии во Холандија, Бугарија и Романија и широка мрежа на бензински станици, може да варира во зависност од очекувањата за цените на нафтата. Според него, заклучувањето на договорот може да потрае и до една година.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира