ЃОРЃИЕВСКИ ГИ РОТИРА ДИРЕКТОРИТЕ НА СКОПСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЗА ДВА ДЕНА ЌЕ ГИ ВРАЌА ОТИ ИМ ИСТЕЧЕ РОКОТ ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗА В. Д. ДИРЕКТОРИ

ЃОРЃИЕВСКИ ГИ РОТИРА ДИРЕКТОРИТЕ НА СКОПСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЗА ДВА ДЕНА ЌЕ ГИ ВРАЌА ОТИ ИМ ИСТЕЧЕ РОКОТ ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗА В. Д. ДИРЕКТОРИЃорѓиевски рече дека можеби нема сите да бидат вратени на старите позиции (Фото: СДК.МК)

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, направил ротација на директорските места во јавните претпријатија бидејќи им истекнува шестмесечниот статус на вршител на должност. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од вработените во претпријатијата, речено им е дека директорите ќе бидат вратени за неколку дена и повторно ќе им тече рокот од шест месеци за в. д. директори.

Директорот на ЈП „Улици и патишта”, Борис Настов, сега е директор на „Комунална хигиена”, чиј директор Драги Митковски дојде на чело на „Водовод и канализација”. Досегашниот директор на „Водовод”, Иван Миртовски, е привремено ротиран во ЈСП, а директорот на ЈСП, Сашо Илиевски, во „Улици и патишта”.

Ѓорѓиевски ни потврди дека е направено ротирање на директорите. На нашето прашање дали тоа е изигрување на законот, ни рече дека можеби нема сите да бидат вратени на старите позиции.

Со измените на Законот за висока раководна служба, чија примена почна на 1 октомври 2026, в. д. директори можат да останат на функција само еден мандат во траење од најмногу шест месеци.

А. АНТЕВСКА

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира