ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ ВО ДВЕ ДЕЦЕНИИ, АНАЛИТИЧАРИ ОЧЕКУВААТ УШТЕ ДА ОДИ НАДОЛУ

    ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ ВО ДВЕ ДЕЦЕНИИ, АНАЛИТИЧАРИ ОЧЕКУВААТ УШТЕ ДА ОДИ НАДОЛУЦените на гасот пораснаа нагло во Европа вчера, откако Русија соопшти дека ќе има претходно ненајавен сервис на главниот гасовод до Германија „Северен тек“. - Чоколади и рекламен материјал со мотиви од евра и долари (Фото: СДК.МК)

    Еврото се тргува на најниско ниво во две децении за 0,9903 со доларот утринава, а аналитичарите предвидуваат дека заедничката европска валута ќе продолжи да тоне.

    „Нашите проценки и нашите тргувања и нашата позиција се дефинитивно насочени кон понатамошно намалување на вредноста на еврото во однос на она каде што е сега“, вели Луис Коста од „Ситибанк“.

    Има неколку фактори во игра кога се споредуваат еврото и доларот, на кои истовремено влијаат војната во Украина и растечката инфлација во двата региона.

    Цените на гасот пораснаа нагло во Европа вчера, откако Русија соопшти дека ќе има претходно ненајавен сервис на главниот гасовод до Германија „Северен тек“.

    Дополнително, аналитичарот Коста вели дека треба да се земе предвид и забавувањето на кинеската економија, нешто што повеќе ја погодува Европа, отколку САД. Кина не ги исполни очекувањата за раст на БДП и имаше раст од само 0,4 отсто во второто тримесечје од годината.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира