ПОПУЛАРНАТА РУСКА ПЕЈАЧКА АЛА ПУГАЧЕВА ПОБАРА ОД КРЕМЉ ДА ЈА ПРОГЛАСИ ЗА СТРАНСКИ АГЕНТ

    ПОПУЛАРНАТА РУСКА ПЕЈАЧКА АЛА ПУГАЧЕВА ПОБАРА ОД КРЕМЉ ДА ЈА ПРОГЛАСИ ЗА СТРАНСКИ АГЕНТПретседателот Владимир Путин ја прими Ала Пугачева во Кремљ во декември 2014 година. (Фото: Кремљ)

    Една од најпопуларните руски пејачки Ала Пугачева ги повика руските власти да ја прогласат за странски агент, во солидарност со нејзиниот сопруг Максим Галкин, кој е против војната во Украина.

    Галкин беше прогласен за странски агент во петокот откако ја осуди руската инвазија на Украина.

    На социјалните мрежи Пугачева напиша дека нејзиниот сопруг е „непоткуплив руски патриот кој сака да престанат да ги испраќаат нашите момчиња да гинат за измислени цели“.

    Таа вели дека поради постапките на Кремљ во Украина нејзината држава станала отпадник и животите на граѓаните се сè потешки.

    Етикетата странски агент се користи од руските власти за да се означат медиумски организации, граѓански здруженија и поединци кои отворено ги критикуваат политиките на Кремљ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира