ВО СТРУШКАТА ГИМНАЗИЈА НЕМА ДА СЕ КОРИСТАТ СМАРТ ТАБЛИ, КОМПЈУТЕРИ И ГРЕАЛКИ ЗА ДА СЕ ЗАШТЕДИ СТРУЈА

    ВО СТРУШКАТА ГИМНАЗИЈА НЕМА ДА СЕ КОРИСТАТ СМАРТ ТАБЛИ, КОМПЈУТЕРИ И ГРЕАЛКИ ЗА ДА СЕ ЗАШТЕДИ СТРУЈАОдлуката дигиталната технологија оваа учебна година да биде надвор од функција и да не се вклучуваат греалки во училници и канцеларии нема да влијае на квалитетот наставниот процес, вели директорката Бесиме Јонузи. (архивска фотографија)

    Наставата во струшката гимназија „Д-р Ибраим Темо“ ќе се одвива без смарт табли и компјутери за да се заштеди електрична енергија а ќе се отстрануваат и помошните грејни тела оти имале доволно нафта за загревање на сите простории во училиштето.

    Одлуката дигиталната технологија оваа учебна година да биде надвор од функција и да не се вклучуваат греалки во училници и канцеларии нема да влијае на квалитетот наставниот процес, вели директорката Бесиме Јонузи.

    „Јас не го посакував тоа, но бев принудена да не ја употребуваме повеќе технолгијата, поради тоа што во сите наши училници имаме прожектори, смарт табли, компјутери. Ќе се користат единствено кога ќе бидат задолжителни во наставната програма, само кога наставниците ќе донесат одлука дека се неопходни во образовниот процес “, вели Јонузи.

    Директорката на струшката гимназија вели дека со отстранувањето на помошните грејни тела од сите простории во училиштето ќе има голема заштеда на електрична енергија.

    „Што се однесува на грејната сезона ние сме подготвени. Што се однесува на нафта имаме полни цистерни во тоа време сме подготвени да има греење во училниците и наставниот процес ќе се одвива нормално“, вели Јонузи.

    Напредните технолошки алатки изминативе години во струшката гимназија беа набавувани за да го олеснат процесот на совладување на предвидениот наставен материјал на учениците, но поради енергетската криза тие оваа учебна година ќе останат надвор од функција.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира