ПОЧИНА ЛОРЕТА ЛИН, КРАЛИЦАТА НА КАНТРИ МУЗИКАТА

    ПОЧИНА ЛОРЕТА ЛИН, КРАЛИЦАТА НА КАНТРИ МУЗИКАТА„Не пишував за мажите, пишував за нас жените. И на мажите тоа им се допадна“, рече Лин во 2015. (Фото: АП

    Почина Лорета Лин, кралицата на кантри музиката, ќерка на рудар од Кентаки чии искрени песни за животот и љубовта како жена во Апалачија ја извлекоа од сиромаштијата и ја направија столб на кантри музиката. Имаше 90 години. Во изјавата за Асошиетед прес, семејството на Лин рече дека таа починала денеска во нејзиниот дом во Харикен Милс, Тенеси.

    Лин веќе имаше четири деца пред да ја започне кариерата во раните 1960-ти, а нејзините песни ја рефлектираа нејзината гордост од руралното потекло во Кентаки. Како текстописец, таа создаде личност на пркосна силна жена, што е контраст на стереотипната слика на повеќето кантри пејачки. Ѕвездата на Куќата на славните на кантри музиката бестрашно пишуваше за сексот и љубовта, за неверните сопрузи, разводот и контрацепцијата, а понекогаш имаше проблеми со радио програмерите поради песните со теми од кои некогаш бегаа дури и рокерите.

    Нејзините најголеми хитови беа во 1960-тите и 70-тите, меѓу кои ги „Ќерката на рударот за јаглен“, „Ти не си доволно жена“, „Апчето“, „Не иди дома пијан (Со љубов на ум)“. Беше позната по тоа што настапуваше во долги и широки тоалети со детални везови или кристали, повеќето креирани од нејзиниот долгогодишен личен асистент и дизајнер Тим Коб.

    Нејзината искреност и особеното место во кантри музиката беа наградувани. Таа беше првата жена прогласена за пејачка на годината на двете големи награди во овој жанр, прво од Аасоцијацијата за кантри музика во 1972, а потоа од Академијата за кантри музика во 1975.

    „Тоа беше она што сакав да го слушнам и она што знаев дека и другите жени сакаат да го слушнат“, рече Лин за АП во 2016. „Не пишував за мажите, пишував за нас жените. И на мажите тоа им се допадна“.

    Во 1969 го издаде автобиографскиот албум „Ќерката на рударот“, кој ѝ помогна да стигне до најширока публика. „Ќерката на рударот“ е и насловот на нејзината книга од 1976, според која беше снимен во истоимениот филм од 1980. Улогата на Лин на Сиси Спејсек ѝ донесе Оскар, а филмот во кој играше и Томи Ли Џонс беше номиниран и за најдобар филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира