„НОЌИТЕ КОГА ЗАСПИВАВМЕ ВО ПОМПЕЈА“ НА ДАВОР СТОЈАНОВСКИ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „БАЛКАНИКА“

    „НОЌИТЕ КОГА ЗАСПИВАВМЕ ВО ПОМПЕЈА“ НА ДАВОР СТОЈАНОВСКИ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „БАЛКАНИКА“Издавач на романот на Стојановски е „Или-Или“. (Фото: „Или-Или“)

    Романот на Давор Стојановски, „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ е македонски претставник за престижната меѓународна книжевна награда „Балканика“.

    Издавач на романот е „Или-Или“, а го номинираше во состав: Јордан Плевнеш (претседател), Александар Прокопиев и Јовица Тасевски-Етернијан. Во конкуренција биле 13 книги, а во најтесен избор влегле и „Естом“ од Николина Андова-Шопова и „Најосаменото место“ од Симеон Јанков.

    Досегашни добитници на наградата од Македонија се Венко Андоновски со „Папокот на светот“ и Александар Прокопиев со „Човечулец“.

    Манифестацијата „Балканика“ треба да се одржи во првата половина од годинава. Наградата ќе биде доделена од меѓународна стручна комисија од седум члена, со по еден претставник од секоја од државите членки, а претседател на жирито е професорот Ендрју Вахтел од САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира