ЛИЦЕ БАРАНО СО ТРИ ПОТЕРНИЦИ ПРИВЕДЕНО ПРИ РУТИНСКА КОНТРОЛА ВО КАФЕАНА ВО СКОПЈЕ

    ЛИЦЕ БАРАНО СО ТРИ ПОТЕРНИЦИ ПРИВЕДЕНО ПРИ РУТИНСКА КОНТРОЛА ВО КАФЕАНА ВО СКОПЈЕКонтролата е спорведена ноќеска во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Лице барано со три потреници е приведено ноќеска при рутинска контрола во кафеана, соопшти МВР, без да даде повеќе детали. Лицето е приведено при контролата што од 23.00 до 04.00 часот ја спровеле полицајци од СВР Скопје заедно со Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.

    „При контролата приведен е Д. К. кој се барал по три потерници. Затекнати се пет малолетни лица, а во еден од објектите бил пронајден кокаин. Констатирано е кривично дело по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, како и присуство на малолетници во угостителски објекти по 00.00 часот“, соопшти МВР од каде додаваат дека при контролата се утврдило дека не се издаваат фискални сметки и се прекршува законот за пушење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира