Крушево е „Град на културата“ за 2023 година, соопшти Министерството за култура, додавајќи дека на конкурсот се пријавиле и општините Струга и Маврово-Ростуше.
„Стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крушево понуди богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници“, стои во нивното соопштение.
Во програмата се содржани 62 проекта од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори.
Манифестацијата „Град на културата“ се реализира од 2004 година.
Државата годинава ќе одбележува и 120 години од Илинденското востание.