ТРИ ДЕЦА ОД 8 И 9 ГОДИНИ УБИЕНИ ВО ВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО НЕШВИЛ, НАПАЃАЧКАТА ОСТАВИЛА МАНИФЕСТ

    ТРИ ДЕЦА ОД 8 И 9 ГОДИНИ УБИЕНИ ВО ВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО НЕШВИЛ, НАПАЃАЧКАТА ОСТАВИЛА МАНИФЕСТПолицијата објави снимка од упадот на Одри Хејл во училиштето (Фото: АП)

    Три деца на возраст од осум и девет години се убиени во вчерашниот напад на приватно католичко училиште во Нешвил, Тенеси, што го изврши 28-годишната Одри Елизабет Хејл. Во пукањето загинаа и тројца вработени во училиштето, вклучувајќи ја директорката Кетрин Кунс. Полицијата кажа дека сите жртви биле случајно избрани.

    Хејл, која претходно немала криминално досие, била убиена од полицијата 13 минути по почетокот на нападот. Се верува дека таа е поранешна ученичка во нападнатото училиште.

    Мотивот засега не е познат, но осомничената имала детаљно нацртана мапа од училиштето сосе влезните точки и оставила манифест и други написи, кои истражителите ги анализираат“, изјави шефот на полицијата на Нешвил, Џон Дрејк.

    Тој додаде дека Хејл се идентификувала како трансродова личност, но не даде други детали за тоа.

    Полицијата објави снимка од упадот на Хејл во училиштето, при што носела две напаѓачки полуавтоматски оружја и пиштол, од кои најмалку две биле купени легално. Во нејзиниот дом биле пронајдени уште оружја.

    Реагирајќи на пукањето, американскиот претседател Џо Бајден повторно го повика Конгресот да ги усвои построгите закони за оружјето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира