ВО ВТОРНИК БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕИТЕ И ЛОКАЛИТЕТИТЕ НИЗ ЗЕМЈАВА

    ВО ВТОРНИК БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕИТЕ И ЛОКАЛИТЕТИТЕ НИЗ ЗЕМЈАВАВо Чифте амам поставен е мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“,национален претставник на ланското Венециско биенале на уметноста. (Фото: НГМ)

    Во вторник, 18 април, во чест на Светскиот ден на културното наследство, бесплатен ќе биде влезот во сите музеи и локалитети низ државата, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

    „Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. Дојдете, посетете и истражете на 18 април“, вели министерката.

    Како што вели директорката на Националната галерија на Македонија, (НГМ) Дита Старова-Ќерими, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен на 22. седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982. Од тогаш 18 април е ден на прославување и промоција на културното наследство, и претставува можност за подигање на свеста за неговиот диверзитет, за неговата важност и повредливост, за неговите потреби и за потребата за неговата конзервација.

    „Подигање на свеста за значењето и вредностите на културното наследство во Република Северна Македонија, како значајна превентивна активност, системска едукација и специјализација на кадар, користење експертски совети во доменот на третманот на културното наследство, ефектуирање на мониторинг мисијата за состојбата на културното наследство, како елемент на превентива, односно сегашна приоритетна активност во доменот на заштита на културното наследство, се едни од целите на Националната галерија“, вели директорката.

    Од актуелните поставки во музеите низ Скопје, во објектите на Националната галерија ќе може да се посетат: во Даут пашин амам -Постојаната поставка од 14-21. век, во Чифте амам, Поставка на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“, национален претставник на ланското Венециско биенале на уметноста. Во текот на целиот ден, (вторник), влезот за сите посетители е слободен во период од 10-18 часот.

    Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, во тек е меѓународното 14.Биенале на млади уметници „Будења“, каде се изложени дела од 38 млади уметници.

    Во Музејот на македонската борба до 19 април ќе биде отворена излжбата за 30 години членство во Обединетите нации на Државниот архив на Македонија и Министерството за надворешни работи.

    Во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата за одбележувањето на 150 години Македонски железници.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира