СУДСКИОТ СОВЕТ СЕ ЗАКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ГИ ПУШТИ НОВИНАРИТЕ, НА ТАЈНА СЕДНИЦА ПОВТОРНО ЈА РАЗРЕШИ ДАМЕВА И ПОТОА ГО ИЗБРА ГЕОРГИЕВ ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

    СУДСКИОТ СОВЕТ СЕ ЗАКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ГИ ПУШТИ НОВИНАРИТЕ, НА ТАЈНА СЕДНИЦА ПОВТОРНО ЈА РАЗРЕШИ ДАМЕВА И ПОТОА ГО ИЗБРА ГЕОРГИЕВ ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛЗа Сашко Георгиев да биде нов претседател на Судскиот совет денеска гласаа осум членови. (Фото: СДК.МК)

    Членовите на Судскиот совет по целонеделна жестока расправија, попладневно го избраа за нов претседател Сашко Георгиев.

    Претходно на затворена седница, што е уште еден незаконски потег, тие ја отповикале својата претходна одлука за разрешување на претседателката Весна Дамева, како неважечка. Понатаму, со исклучена јавност, но со заклучена врата на салата кај што држат седници, под раководство на потпретседателот Селим Адеми, во нова постапка, тие ѝ изгласале недоверба на Дамева, по што ја разрешиле наводно со девет гласа.

    Веднаш потоа Адеми закажа седница за во 16.30 часот на која со 8 гласа ЗА, го избраа Сашко Георгиев за нов претседател на Судскиот совет.

    Георгиев беше седмиот глас во незаконското првично разрешување на Дамева, за кое денеска си призна мнозинството од Адеми, Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Павлина Црвенковска и Лорета Горгиева. Си признаа дека било незаконско, и го повлекоа.

    Претходно во 14 часот членовите влегоа во салата за седница, откако претходно новото мнозинство на чело со потпретседателот Селим Адеми, се договорило по вторпат да ја разреши претседателката. Дамева веќе еднаш беше разрешена на 27 април.

    Седницата, за која нè излажаа нас новинарите дека е колегиум, беше затворена спротивно на Законот за Судски совет и на Деловникот на Советот. Според Законот, седница може да затворат само ако се расправа за разрешување на судија.

    Новинари се собраа пред Судскиот совет, но влез не им беше дозволен. Претставничката на Коалицијата Сите за правично судење, која ги следи сите седници на Советот, кога се качила горе, од Адеми ѝ било кажано да си оди, бидејќи имало само колегиум.

    Никој од членовите не креваше телефон, бидејќи неколку дена им се заробени. На колегиумите деновиве оделе без телефони, ги оставале во канцеларија, зашто дел од нив ја брифирале јавноста, граѓаните, од чии пари Судскиот совет и целото судство земаат плата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира