На свеченото отворање на „Малиот битолски Монмартр“, престижна награда за мецена – патрон на уметноста, организторите од Детското ликовно студио „Св Кирил и Методиј“ од Битола, му доделија на Милан Врабевски, член на Меѓународниот управен одбор на колонијата, кој е познат и како финансиер на бугарските клубови во државата. Тој за годинешното издание на „Монмартр“ донираше 17.500 евра. Врабевски не можеше да присуствува на отворањето, но имаше видеообраќање во кое порача дека и во Северна Македонија може убаво да се живее ако правилно и целосно се имплементираат вредности на Европа.
„Преку свој личен пример и преку фондацијата ‘Бугарско сеќавање’ со Елена и Славчо реализиравме низа проекти кои во фокусот ја имаат слободоумноста и чистата мисла на детската визија ослободена од политики и лаги. Децата мора да го живеат својот сон и не смееме да оставиме тој да биде базиран на нивната желба да ја напуштаат сопствената државата за подобра перспектива. И во Северна Македонија може убаво да се живее ако правилно и целосно се имплементираат вредностите на Европа кои се клуч за побобро денес и утре“, рече Врабевски.
Манифестацијата ја поддржаа и Општина Битола со 5.000 евра, за што на градоначалникот Тони Коњановски му беше доделана награда за долгогодишна поддршка, како и Министерството за култура со 4.000 евра, но за нив немаше награда. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска протоколот на колонијата ја остави да се обрати пред самиот крај.
„’Малиот битолски Монмартр’ е македонски бренд кој ја промовира нашата држава не само дома туку и надвор. Детското ликовно стоди годинава слави јубилеј 55 години од основањерто и има за цел да ги промовира македонската уметност, култура и историја низ светот. Министерството секоја година е партнер на ‘Монмартр’ и во континуитет финансиски ги поддржува проектите на Детското ликовно студио. За оваа година, добија досега највисока сума на поддршка од 240 илјади денари“, рече министерката.
Во изминатиот период имаше натегања меѓу Студиото и државните институции откако Министерството за образование откажа да ги финансира. Тие и на свеченото отворање не испуштија да посочат дека некој сакал да не постои манифестацијата.
„Детското ликовно студио слави 55 години постоење. Тоа започна од Битола и остана во Битола иако некои последната година очајно сакаа да не биде повеќе така. Ова студио е најголемиот амбасадор на Севрна Македонија на светско ниво. Нема точка на земјата каде не сме познати по овие манифестации. За жал, и тоа некој очајно не сакаше да постои. Но, ќе останеме доследни на нашата мисија која е толку детски наивна што бевме разочарини колку некој сакаше да ја исполитизира“, рече Славчо Неделковски, член на УО на ликовното студио.
Годинава на 42. Ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и 41 Светска изложба во Битола гостуваат 120 деца од целиот свет на кои вечерва им беа доделени награди за постигнувањата. Беше забележан зголемен интерес на отворањето од страна на дипломатските претставници во земјава, па присуствуваа амбасадори и конзули. На бугарскиот и грчкиот конузл од Битола им беше дадена награда за поддршка, а во нивните конзуларни претсвништво во Битола ќе има и изложби во рамките на годинешниот „Монмартр“. Меѓу присутните имаше и поддржувачи на бугарскиот клуб во Битола, а цело време додека траеше отворањето имаше и обезбедување.
Ж. ЗДРАВКОВСКА