ЗА ДА ЗАРАБОТАТ ПОВИСОКА ПЛАТА, РАДИОЛОЗИТЕ ЌЕ МОЖЕ И ОД ДОМА ДА ЧИТААТ ОНЛАЈН РЕНТГЕН СНИМКИ, РЕЧЕ МЕЏИТИ

    ЗА ДА ЗАРАБОТАТ ПОВИСОКА ПЛАТА, РАДИОЛОЗИТЕ ЌЕ МОЖЕ И ОД ДОМА ДА ЧИТААТ ОНЛАЈН РЕНТГЕН СНИМКИ, РЕЧЕ МЕЏИТИМеџити најави дигитализација на радиологија низ држава. - Од отворањето на Дијагностичкиот центар во ГОБ „8 Септември“. (Фото: К. Попов)

    Ако радиолозите сакаат повисоки плати, ќе може да читаат и онлајн рентген снимки, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

    „Ако во еден град има доктор што чита дневно еден ренген на една рака или нога, сега натаму нема да биде така, онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно да си ја изработи платата, колку треба да прочита, над тој број и дома нашите радиолози почитувани, ако сакаат за повеќе финансиски примања, ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго“, кажа министерот додавајќи дека ќе треба време за ова.

    На денешниот национален форум за здравство во организација на Светската здравствена организација, Меџити со новинарите говореше за здравствениот систем, за немањето термини или лекови.

    „Проблемот е во систематизацијата и во реорганизацијата. Во Клиничкиот центар, ќе повторам, имаме доволно кадар и здравствени работници и сестри. Знаете дека ние прво треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек. Ова не се прави за еден ден, два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но, ние мора да започнеме работите да се движат композитивно и јас тука имам и мој предлог, моја визија и работиме и на тоа, имаме формирано група, на дигитализација на радиологија низ држава, а тоа подразбира централизација на радиологијата“, кажа министерот.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира