ТРЕТ ПАТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:17:"single_template_1";s:11:"td_subtitle";s:112:"Многуминасигонајдоатретиотпат.Сеиселијавостранство...

    goran-mihailovski 1   Што е убав овој свет. Ос­вен што дој­де Но­ва го­ди­на и пр­во­ро­де­но­то бе­бе на 1 ја­ну­а­ри е ос­мо де­те во ма­ке­дон­ско се­меј­ство, а цела Влада се појави на Гинекологија без заштитни маски, дру­го ниш­то дра­ма­тич­но не се слу­чи­ло во др­жа­ва­та. Ете вче­ра прет­праз­нич­но и пен­зи­и­те беа ис­пла­те­ни. И со­ци­јал­на­та по­мош. По тој по­вод и Ми­нис­терс­тво­то за фи­нан­сии со со­оп­ште­ние им се заб­ла­го­да­ри на пен­зи­о­не­ри­те и на при­ма­те­ли­те на со­ци­јал­на­та по­мош “за под­дрш­ка­та за до­не­су­ва­ње на бу­џе­тот и не­го­во­то фи­нан­си­ра­ње што соз­да­де ос­но­ва за ре­дов­на ис­пла­та и поч­ну­вај­ќи од март зго­ле­му­ва­ње на пен­зи­и­те и со­ци­јал­на­та по­мош” .
    Про­па­ган­дна­та ма­ши­не­ри­ја на ВМРО-ДПМНЕ тол­ку се заб­рев­та, па ве­ќе из­гу­би увид и за што се фа­ли и за што се заб­ла­го­да­ру­ва. Не пос­тои неш­то што е тол­ку банално и вообичаено, а тие да не го ста­ват во со­оп­ште­ние ка­ко свој ус­пех. Освен ако не сакале со ова со­оп­ште­ние да до­бие смис­ла и ра­ка­та на ми­нис­те­рот за фи­нан­сии Зо­ран Став­ре­ски, фа­те­на со сним­ка од мо­би­лен те­ле­фон на 24 де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на во Соб­ра­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја. На сним­ка­та се гле­да ка­ко Став­ре­ски им маф­та на по­ли­цај­ци­те за да по­бр­за­ат да ја из­бр­ка­ат опо­зи­ци­ја­та од са­ла­та.
    Кру­гот се свр­те. Пен­зи­о­не­ри­те и социјалците спон­та­но про­тес­ти­раа за да се до­не­се бу­џе­тот. А вче­ра Став­ре­ски им се заб­ла­го­да­ри што му по­мог­наа на спи­ке­рот Трај­ко Вељаноски да го уки­не Соб­ра­ни­е­то.

    2   А глум­ци­те? Ним Став­ре­ски не им се заб­ла­го­да­ри на под­дрш­ка­та. Знае де­ка тие ако тре­ба ќе мо­же да од­глу­мат де­ка зе­ле пла­та.

    3   От­ка­ко се слу­чи уки­ну­ва­ње­то на Пар­ла­мен­тот, чел­ни­ци­те на ВМРО-ДПМНЕ ни упа­ти­ја но­во­го­диш­ни чес­тит­ки. За се се до­об­јас­нат. Па пре­ми­е­рот Гру­ев­ски ре­че де­ка “се спре­чил обид за на­сил­но за­зе­ма­ње на Пар­ла­мен­тот” и, нај­смеш­но од се – “не бе­ше доз­во­ле­но ури­ва­ње на дол­го гра­де­на­та де­мок­ра­ти­ја”.
    А но­во­го­диш­но­то об­ра­ќа­ње на спи­ке­рот Трај­ко Ве­ља­но­ски бе­ше уш­те пос­меш­но. Тој ре­че де­ка во 2013 ќе нап­ра­ви се “Пар­ла­мен­тот да фун­кци­о­ни­ра неп­ре­че­но, во полн сос­тав, со то­ле­ран­ци­ја и по­чи­ту­ва­ње на по­ли­тич­ки­те раз­ли­ки”. Што да би­де во полн сос­тав? По­ли­ци­ја­та? За да мо­же што по­то­ле­ран­тно да ги ели­ми­ни­ра по­ли­тич­ки­те раз­ли­ки?
    Но­ви­на­ри­те ни­кој не ги спо­ме­на. Оти тие би­ле љу­без­но за­мо­ле­ни са­ми да си одат.
    Мо­жат Гру­ев­ски и Ве­ља­но­ски и по цел са­ат го­вор да др­жат. Мо­же и по сто па­ти да им ги реп­ри­зи­ра­ат го­во­ри­те на си­те те­ле­ви­зии. Ама штом им го ви­дам ли­кот и им го чу­јам гла­сот, се од­но­во и од­но­во пред очи ми се вра­ќа­ат сли­ки­те ка­ко обез­бе­ду­ва­ње­то го бри­ше по­дот на Соб­ра­ни­е­то со опо­зи­ци­ја­та. По на­ред­ба на Трај­ко. Сог­лас­но Ус­та­вот и Де­лов­ни­кот.

    4   Ај Гру­ев­ски знам што са­ка. Ќе си нап­ра­ви уш­те ед­ни из­бо­ри на кои ќе по­бе­ди, ко­га ќе му прит­ре­ба­ат ќе си по­зај­ми па­ри за да по­де­ли пен­зии и суб­вен­ции, ако не­кој му се спро­тив­ста­ви ќе му пуш­ти по­ли­ци­ја, ќе ги отс­тра­ни но­ви­на­ри­те за да не ви­дат ниш­то и ќе му ре­че на Бран­ко: “Кој гу­би има пра­во да се лу­ти”, ис­то ка­ко што Бран­ко во 1994 им ре­че на Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски и на Пе­ро Го­шев. Или, ка­ко што би рек­ла збу­не­та­та спон­та­на кон­трап­ро­тес­тант­ка “Да пад­не оваа Вла­да, да дој­де ВМРО на власт”.
    Ама што са­ка Бран­ко? И тој из­гле­да го са­ка ис­то­то ка­ко спон­та­на­та кон­трап­ро­тес­тан­тка. Да пад­не оваа Вла­да и да дој­де ВМРО на власт. Оти тој се уш­те не по­ну­ди ниш­то што евен­ту­ал­но СДСМ би го вра­ти­ло на власт.
    Ве­лат де­ка ќе ги бој­ко­ти­ра­ат ло­кал­ни­те из­бо­ри. И – што со тоа? Бран­ко пра­ви се да ги за­гу­би и оние сим­па­тии што пра­те­ни­ци­те на СДСМ ги до­би­ја ко­га беа нај­гру­бо ис­фр­ле­ни од Соб­ра­ни­е­то. Ка­ко мис­ли да се вра­ти на власт? И – власт се да­ва ли? Влас­та се ос­во­ју­ва. По мож­ност на из­бо­ри. И со прог­ра­ма ко­ја ќе го убе­ди мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни де­ка тре­ба да ја из­гла­са­ат. Па­ро­ла­та “Пр­во да се сим­не оваа власт, па пос­ле ќе ви­ди­ме” ни­ту е прог­ра­ма, ни­ту е по­ну­да.
    Ствар­но не знам што са­ка Бран­ко. Оче­ку­ва стран­ци­те да му ја за­вр­шат ра­бо­та­та? Мис­ли де­ка Аме­ри­кан­ци­те ќе го убе­дат Ах­ме­ти да се от­ка­же од Гру­ев­ски? Ќе ва­ди бул­до­же­ри на ули­ца? Ќе за­ми­не во пар­ти­за­ни? Ќе го на­па­ѓа учас­то­кот во При­леп? Или се­ко­ја ве­чер во шест пред Ре­корд ќе му ба­ра ос­тав­ка на Гру­ев­ски се до­де­ка не­му не му здо­дее од ба­ра­ња­та на Бран­ко па ствар­но да ре­ши да си да­де ос­тав­ка. И сам во Ид­ри­зо­во да си оди оти му викаат “лопов”. И да го ос­та­ви Бран­ко да вла­дее де­мок­рат­ски. Оти на­вис­ти­на има доб­ри идеи што ќе пра­ви со влас­та.

    5   Ду­ри и Бран­ко ка­ко ли­дер на опо­зи­ци­ја­та има­ше пот­ре­ба за но­во­го­диш­но об­ра­ќа­ње. И тоа до на­ци­ја­та. И ги ис­ка­ра си­те што не се со не­го. А осо­бе­но тие што не се ни со не­го, а не се ни со ВМРО. Ни по­ра­ча: “Тре­то не­ма! И се­кој кој мис­ли де­ка има тре­то, де­ка мо­же да ос­та­не нас­тра­на од ова што ни се слу­чу­ва, се ла­же и се­беси и сопс­тве­на­та со­вест!”.
    Е та­ка ре­че. На­вис­ти­на де­мок­рат­ски. А и при­лич­но то­ле­ран­тно. Ако не си со нас, то­гаш си про­тив нас.
    Еба­те суд­би­на­та. Мо­ра да из­бе­реш ме­ѓу ед­ни­те или дру­ги­те. А ако са­каш трет пат, фа­ти си го па­тот. И исе­ли се во стран­ство. Многумина веќе си најдоа трет пат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира