Младите македонски математичари освоија четири медали, од кои еден златен на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО), чиј домаќин е јапонскиот град Чиба. ИМО се смета за најпрестижното математичко натпреварување за учениците од средните училипта.
Дамјан Давков освои златен медал со 32 освоени поени, додека со сребро се закити Алексиј Тасиќ со 25 поени.
За бронзен медал се изборија Никола Цветаноски (23 поени) и Никола Спировски (19), додека пофалници добија Јан Стојановски и Бранко Јангеловски.