ХРВАТСКА ПРИЈАВИ ПРИСУСТВО НА ЗАБРАНЕТ ТОКСИЧЕН ПЕСТИЦИД ВО ПИПЕРКИ УВЕЗЕНИ ОД МАКЕДОНИЈА

    ХРВАТСКА ПРИЈАВИ ПРИСУСТВО НА ЗАБРАНЕТ ТОКСИЧЕН ПЕСТИЦИД ВО ПИПЕРКИ УВЕЗЕНИ ОД МАКЕДОНИЈАВо пиперките се откриени остатоци од пестицидот форметанат, кој е забранет во ЕУ (Фото: СДК.МК)

    Забранет токсичен пестицид е откриен во зеленчук увезен во Хрватска од Македонија, објавено беше денеска во европскиот систем за брзо предупредување во прометот на храна, пренесе „Н1“.

    Остатоци од пестицидот форметанат се откриени во пиперки од Северна Македонија. Ризикот е сериозен“, стои во денешното известување.

    Земјата која го пријави случајот е Хрватска.

    Форметанат важи за исклучително делотворен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји и натаму го користат, но е забранет на територијата на Европска Унија поради сомнежи дека може да влијае врз здравјето на луѓето.

    Форметанат е високо акутно токсичен доколку влезе во организмот по орален пат, умерено токсичен е ако се вдише, а има ниска акутна токсичност ако дојде во контакт со кожата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира