УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЗАПОВЕДНИКОТ НА РУСКАТА ЦРНОМОРСКА ФЛОТА ВО НАПАДОТ НА СЕВАСТОПОЛ ВО ПЕТОКОТ

    УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЗАПОВЕДНИКОТ НА РУСКАТА ЦРНОМОРСКА ФЛОТА ВО НАПАДОТ НА СЕВАСТОПОЛ ВО ПЕТОКОТАдмиралот Виктор Соколов наводно загинал со уште 33-ца руски офицери (Фото: АП)

    Украина тврди дека го убила заповедникот на руската црноморска флота во ракетниот напад на нејзиното седиште во Севастопол, изведен во петокот. Украинските сили за специјални операции соопштија дека адмиралот Виктор Соколов загинал со уште 33-ца руски офицери во еден од најхрабрите украински напади од почетокот на војната.

    Откако го погодивме седиштето на руската црноморска флота, 34 офицери беа убиени, вклучувајќи го заповедникот на флотата“, објавија Украинците денеска, додавајќи дека во нападот се ранети повеќе од 100 руски војници.

    Овие тврдења не можат независно да се проверат, објавија светските медиуми.

    Русија веднаш го призна нападот, но кажа дека само еден војник се води како исчезнат. Таа смета дека нападот бил извршен со проектили со долг дострел „сторм шедоу“, што Украина ги има добиено од Велика Британија и Франција.

    Институтот за проучување војна соопшти дека сателитските снимки потврдуваат дека во нападот бил погоден 74. комуникациски центар на командата на црноморската флота. Украина претходно кажа дека моментот на нападот не бил избран случајно, туку во тоа време заповедниците на флотата имале состанок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира