ВО СКОПЈЕ ОСНОВАНА БРИТАНСКА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ ВРСКИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БРИТАНИЈА

    ВО СКОПЈЕ ОСНОВАНА БРИТАНСКА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ ВРСКИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БРИТАНИЈААсоцијацијата ќе ги застапува интересите на британските компании во земјава (Фото: Британска амбасада)

    Во Скопје е основана Британска бизнис асоцијација, чија цел е унапредување на трговските врски помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и застапување на интересите на британските компании во земјава и на останатите компании кои имаат британски бизнис интереси. Основачи на асоцијацијата се компаниите „Џонсон Мети“, „Саса“ и „СоПро“.

    Активностите на Британската бизнис асоцијација (ББА) ќе бидат насочени кон подобрување на легислативата, со цел да се создаде подобра бизнис клима за сите чинители на македонската економија. Ќе промовира добри бизнис практики, социјална и еколошка свесност и општествен ангажман на компаниите и ќе служи како форум за споделување информации, знаења, мислења и практики помеѓу членките.

    Основањето на ББА го најави амбасадорот на Велика Британија во земјава, Метју Лосон.

    „Обединетото Кралство е силен партнер и близок пријател на Северна Македонија. Заинтересирани сме и подготвени да бидеме примарен трговски и инвестициски партнер на Северна Македонија преку индустриските способности, инвестицискиот екосистем и владината поддршка од Обединетото Кралство”, кажа Лосон.

    Британскиот трговски претставник за Западен Балкан, Мартин Викерс, нагласи дека Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство на Западен Балкан.

    „Агенцијата за гарантирање извозни кредити на Обединетото Кралство неодамна значително ги зголеми ограничувањата за земјите, при што компаниите можат да пристапат до помош од четири милијарди фунти кои се однесуваат само на Северна Македонија“, изјави Викерс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира