СРПСКАТА ВОЈСКА ДЕЛУМНО СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ГРАНИЦАТА СО КОСОВО И НЕГИРАШЕ ДЕКА ЈА ОБУЧУВАЛА ГРУПАТА НА РАДОИЧИЌ

    СРПСКАТА ВОЈСКА ДЕЛУМНО СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ГРАНИЦАТА СО КОСОВО И НЕГИРАШЕ ДЕКА ЈА ОБУЧУВАЛА ГРУПАТА НА РАДОИЧИЌКосово ја обвини Србија дека вооружената група се подготвувала на нејзина територија (Фото: АП)

    Србија повлече дел од трупите стационирани покрај границата со Косово, откако нивното присуство беше зголемено по престрелките на 24 септември, објави началникот на генералштабот на српската војска Милан Мојсиловиќ.

    Србија распореди 8.350 војници близу границата со Косово, но нивниот број е намален на 4.500 во моментов. Присуството на војската во копнената безбедносна зона е вратено во нормала“, кажа Мојсиловиќ, алудирајќи на пограничниот појас широк пет километри.

    Тој додаде дека Србија формално не ја зголеми борбената готовност на своите 22.500 војници.

    Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц претходно изјави дека распоредувањето на српските трупи потсетува на однесувањето на Русија пред инвазијата на Украина. Српскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела кажа дека нема намера да ѝ нареди на својата војска да ја премине границата, зашто ескалацијата на конфликтот би штетило на пристапувањето на Србија кон ЕУ.

    Контроверзниот бизнисмен и бивш потпретседател на партијата Српска листа, Милан Радоичиќ, во петокот потврди дека тој го организирал нападот во кој загинаа еден полицаец и четворица напаѓачи, негирајќи дека имал поддршка од властите во Белград.

    Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, кажа дека подготовките за нападот во Бањска биле извршени во Србија. Косовската полиција викендов објави снимки кои наводно ја прикажуваат обуката на вооружената група, тврдејќи дека тие биле направени меѓу 2 и 20 септември на Копаоник и на еден полигон на српската војска. Мојсиловиќ денеска негираше дека српската војска ја обучувала групата на Радоичиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира