ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА МЕЛОНИ СЕ РАЗДЕЛИ ОД ПАРТНЕРОТ ПО НЕГОВИТЕ СЕКСИСТИЧКИ ИЗЈАВИ

    ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА МЕЛОНИ СЕ РАЗДЕЛИ ОД ПАРТНЕРОТ ПО НЕГОВИТЕ СЕКСИСТИЧКИ ИЗЈАВИЏорџа Мелони и Андреа Џамбруно се родители на седумгодишна ќерка (Фото: Алами)

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони објави дека се разделила од својот партнер, ТВ-новинарот Андреа Џамбруно, кој во изминатиот период беше критикуван за неговите сексистички коментари.

    „Мојата врска со Андреа Џамбруно, која траеше десет години, дојде до својот крај. Нашите патишта беа разделени веќе некое време и дојде време да го признаеме тоа“, напиша Мелони на социјалните мрежи.

    Мелони и Џамбруно се родители на седумгодишна ќерка.

    Џамбруно е водител на информативната програма на „Медијасет“, кој е дел од медиумската групација во сопственост на наследниците на Силвио Берлускони. Оваа недела, друга емисија на „Медијасет“ емитуваше снимки на кои се гледа како Џамбруно им се обраќа на свои колешки со сексистички и вулгарни зборови. Тој наводно не знаел дека го снимаат.

    „Дали можам да си ги допирам мадињата додека ти зборувам?“, вели Џамбруно на една снимка, додека на друга кажува дека имал секс со три, па и четири жени.

    Мелони и Џамбруно никогаш не се венчаа. Во пост на социјалните мрежи, таа му се заблагодари за прекрасните години што ги поминале заедно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира