СЕМ АЛТМАН СЕ ВРАЌА КАКО ШЕФ НА „ОПЕНАИ“ САМО ПЕТ ДЕНА ОТКАКО БЕШЕ ИЗБРКАН

    СЕМ АЛТМАН СЕ ВРАЌА КАКО ШЕФ НА „ОПЕНАИ“ САМО ПЕТ ДЕНА ОТКАКО БЕШЕ ИЗБРКАНАлтман доби понуда да премине во „Мајкрософт“, за да води нов тим за развој на напредната вештачка интелигенција (Фото: АП)

    Еден од основачите на „ОпенАИ“, Сем Алтман, ќе се врати во компанијата како нејзин шеф само неколку дена откако беше избркан од управниот одбор. Договорот предвидува и назначување нови членови на УО.

    По отпуштањето на Алтман во петокот, вработените во компанијата се заканија дека ќе си заминат ако тој не биде вратен на функцијата. Во меѓувреме беше објавено дека Алтман ќе премине во „Мајкрософт“, за да води нов тим за развој на напредната вештачка интелигенција.

    Едвај чекам да се вратам во ‘ОпенАИ‘. Ја сакам фирмата и сѐ што сум направил во изминатите неколку дена беше со намера да го задржам тимот и заедно да ја продолжиме нашата мисија. Фирмата ќе се гради со силно партнерство со ‘Мајкрософт‘“, напиша Алтман на Икс.

    Компанијата се најде во хаос откако управниот одбор во петокот го избрка Алтман зашто веќе немал доверба во неговите способности, а по него си замина и претседателот на УО, Грег Брокмен. „Мајкрософт“, кој е најголемиот инвеститор во „ОпенАИ“, потоа им понуди работа на Алтман и Брокмен и кажа дека ќе ги прифати сите вработени во „ОпенАИ“ кои ќе посакаат да си заминат.

    ОпенАИ“ предизвика бум во светот кога пред една година го лансираше четботот ЧетГПТ, што ја заостри трката за развој на вештачката интелигенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира