ПОЧИНА МИКИ ЈЕВРЕМОВИЌ

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Белград,(Вечерњеновости)

    ПОЧИНА МИКИ ЈЕВРЕМОВИЌ

    Еден од најпопуларните југословенски поп пејачи Мики Јевремовиќ почина денеска во Белград на 75 години од последици на мозочен удар, јави „Вечерње новости“. Јевремовиќ, кој на 27 декември доживеа мозочен удар, неколку дена беше во кома.

    Роден на 27 март 1941 година во Белград, српскиот пејач повеќе од 50 години беше активен на музичката сцена, а почетокот на неговата кариера го одбележаа песните „Мама“, „Пијам“ и „18 жолти ружи“. Негови подоцнежни хитови беа: „Ако еднаш ја видиш Марија“, „Со кого си сега кога е тажно времето“, „Поетска гитара“, „Гркинка“, „Лихнида“ и „Нека точат старо вино“.

    Врвот на популарноста ја доживеа во 60-те и 70-те години од минатиот век, а беше популарен и во СССР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира