ПРОЕКТИЛ ЛАНСИРАН ОД ЈЕМЕН ПОГОДИ ЦИВИЛЕН ТАНКЕР КОЈ ПЛОВЕЛ КОН ЈАДРАНСКО МОРЕ

    ПРОЕКТИЛ ЛАНСИРАН ОД ЈЕМЕН ПОГОДИ ЦИВИЛЕН ТАНКЕР КОЈ ПЛОВЕЛ КОН ЈАДРАНСКО МОРЕАмериканскиот разурнувач „Мејсон“ одговорил на повикот на помош од „Стринда“ (Фото: Американска морнарица)

    Противбродски крстосувачки проектил лансиран од хутските бунтовници во Јемен погоди цивилен танкер, предизвикувајќи штета и пожар, но немало жртви, објави американската војска. Танкерот пловел кон Јадранското Море, односно кон Венеција и превезувал растително масло и биогориво.

    Нападот на танкерот „Стринда“ се случи во теснецот Баб ал-Мандаб кој ги поврзува Црвеното Море и Аденскиот Залив. Еден американски функционер изјави дека бродот по неколку часа бил способен самиот да се движи.

    Немаше американски бродови во близина во моментот на нападот, но американскиот разурнувач ‘Мејсон‘ одговори на повикот на помош од ‘Стринда‘“, кажаа од Централната команда на американската војска.

    Танкерот пловел под знамето на Норвешка.

    Во саботата, хутските бунтовници, кои се поддржани од Иран, се заканија дека ќе ги напаѓаат сите бродови кои се движат кон Израел, без разлика под чие знаме пловат и ги предупредија меѓународните бродски компании да не соработуваат со израелските пристаништа. Нејасно е дали бродот „Стринда“ имал какви било врски со Израел.

    Хутите кажаа дека нападите ги изведуваат во знак на поддршка на Палестинците и порачаа дека тие ќе продолжат сѐ додека Израелците не запрат со својата офанзива во Газа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира