РЕЧИСИ 200 ДРЖАВИ СЕ ДОГОВОРИЈА НА САМИТОТ КОП28 ДА ПОЧНАТ ДА СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА

    РЕЧИСИ 200 ДРЖАВИ СЕ ДОГОВОРИЈА НА САМИТОТ КОП28 ДА ПОЧНАТ ДА СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ФОСИЛНИТЕ ГОРИВАПретседателот на ЦОП28 Султан Али Џабер го опиша договорот како историски (Фото: АП)

    Претставниците на речиси 200 држави се договорија на климатскиот самит КОП28 во Дубаи да почнат да ја намалуваат потрошувачката на фосилните горива со цел да се избегне најлошото од климатските промени, што е прв договор кој најавува евентуален крај на нафтената ера.

    Договорот постигнат по две недели напорни преговори треба да испрати моќен сигнал до инвеститорите и креаторите на политики дека светот е обединет во желбата да се откаже од зависноста од фосилните горива, што научниците сметаат дека е најдобрата шанса за спречување климатска катастрофа. Претседателот на КОП28 Султан Али Џабер го опиша договорот како историски, но додаде дека вистинскиот успех ќе биде неговото спроведување.

    „Ние сме она што го правиме, а не она што го збориме. Мора да ги преземеме неопходните чекори за да го претвориме овој договор во опипливи дејства“, изјави Џабер.

    Неколку држави го поздравија договорот зашто се постигна нешто што недостигаше во изминатите децении на разговори за климата.

    „Ова е првпат светот да е обединет околу вака јасен текст за потребата од транзиција од фосилните горива“, кажа норвешкиот министер за надворешни работи Барт Еиде.

    Повеќе од 100 држави лобираа за силен речник во договорот за напуштање на употребата на нафтата, гасот и јагленот, но се соочија со моќна опозиција од групацијата ОПЕК, предводена од Саудиска Арабија, која тврдеше дека светот може да ги намали штетните емисии и без да се откаже од одредени горива. Поради ова, самитот траеше подолго од предвиденото.

    Сега кога договорот е постигнат им останува на државите да го реализираат преку национални политики и инвестиции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира